fbpx

Со монтирана фотографија снимена во Русија, се обвинува Украина дека е нацистичка

-

Фотографијата во склоп на постот што го рецензираме, а која го содржи украинското знаме, е графички изменета односно изманипулирана, за лажно да се претстави дека знамето е украинско. Фотографијата е направена покрај статуата на Ленин во рускиот град Новокузнецк, веднаш до административната зграда на овој град во регионот Камерово Русија. Знамето не е сино и жолто (како украинското), туку на оригиналната фотографија гостите држат знаме кое е црно и жолто и личи на тоа што руската империја го користела во 1858 година. Повеќе странски проверувачи на факти, исто така, пишуваат дека фотографијата е графички изменета за лажно да портретира дека станува збор за украинското знаме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Главниот елемент на објавата што ја рецензираме е една фотографија која изгледа како да е снимена после склучување на брак, а новите младоженци изгледа како да симулираат нацистички поздрав додека во позадина се гледа знамето на Украина.

Гледам нацистичките СС факт чекери за пет минути ја тргнаа вистината. Еве ја уште еднаш. Ова е таа Украина. Четврти Рајх. Кој сака нека им честита на младоженците, се вели во постот што го рецензираме.

Меѓутоа, фотографијата на којашто гости на свадба симулираат нацистички поздрав не е направена во Украина, туку во Русија!

Фотографијата од рецензираниот пост е графички изменета, односно изманипулирана, за лажно да се претстави дека знамето е украинско. Таа е направена покрај статуата на Ленин во рускиот град Новокузнецк, веднаш до административната зграда на овој град во регионот Камерово, Русија. Измамата е во тоа што знамето не е сино и жолто (како украинското), туку на оригиналната фотографија гостите држат знаме кое е црно и жолто. Тоа личи на она што руската империја го користела во 1858 година, иако долниот дел (белата лента) не се гледа поради луѓето што стојат пред него.

Оригиналната фотографија може да се пронајде на интернет, датирајќи барем од 2018 година, на пример на руски интернет форуми како на пример овде.

Проверувачите на факти на Ројтерс, пишуваат дека оригиналната фотографија, со црно и жолто знаме може да се пронајде на руски сајт (според јазик и домејн) и датира уште од 2016 година. Слајдер со споредба на двете фотографии, оригиналната и графички изменетата односно изманипулирана фотографија може да видите овде.

Во 2018 година, украински веб сајт пишува дека оригиналната фотографија е снимена во градот Новокузнецк во Русија. Објектот пред кој е снимена фотографијата може да го видите на следната фотографија:

Фотографијата е снимена пред споменик на Ленин во Новокузнецк како што може да се види според структурата на зградата во позадина а истата е достапна и на мапа.

Повеќе странски проверувачи на факти исто така пишуваат дека фотографијата е графички изменета за лажно да портретира дека станува збор за украинското знаме пред кое се сликале младоженци и нивните гости гестикулирајќи нацистички симболи. Вистиномер и претходно пишуваше за повеќе случаи во кои се форсира наративот дека Украина е нацистичка со злоупотреба на фотографии, фотомонтажи од реални фотографии, како и со користење на неточни факти. Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека фотографијата во постот кој го рецензираме е графички изменета со цел ширење на пропаганден наратив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...