Таг: Преспански договор
таг: Преспански договор
Вистиномер: Економските придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (III дел)
Придобивките кои ги добивме со потпишувањето на Преспанскиот договор на економски план, можеме да ги поделиме на такви кои ги подигнуваат потенцијалите во самата земја, потоа на такви кои се дел од регионалниот развој и, секако, такви кои доаѓаат со фактот дека влегуваме во две големи асоцијации на држави како НАТО и ЕУ, односно даваат можност да бидеме во...
Вистиномер: Две години подоцна – Преспанскиот договор и македонскиот идентитет (II дел)
Како и колку е заштитен македонскиот идентитет во Преспанскиот договор и можно ли е негово поништување во Обединетите нации, или, пак, од некоја идна власт во земјава?, пишува Вистиномер во својата нова анализа.
ШТО ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА
Лидерот на СДСМ и во тоа време преимер, Зоран Заев, образложувајќи ги четирите амандмани пред собраниската Комисија за уставни прашања (07.11.2018), кажа дека со...
Според анкетата на НДИ, коалицијата СДСМ и Беса има предност од 3,6% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Новата анкета за испитување на јавното мислење во Северна Македонија на Националниот демократски институт (НДИ) спроведена пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори на 15 јули покажува дека владејачката коалиција на СДСМ и Движењето Беса има минимална предност од 3,6 проценти пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето „Доколку парламентарните избори се одржуваат денес, за која партија би гласале?“,...
Вистиномер: Употребата на зборот „македонско“ не е забранета и ова не е причината за затворањето на комплексот „Македонско село“
Во еден предизборен процес кандидатите за разни државни позиции имаат тенденција да станат големи патриоти, до тој степен што почнуваат да судат и за „патриотизмот“ на противкандидатите само за да добијат политички поени на грб на популизмот кој го комбинираат со нездрав патриотизам. Па така, кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“ ја „обвинува“ претходната...
Две години по Преспанскиот Договор, земјава е членка на НАТО и пред старт на преговорите за ЕУ
Две години по Договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, Северна Македонија стана членка на НАТО и се врати на агендата за проширување на Европската Унија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот настан за одбележување на годишнината од потпишување на Преспанскиот Договор.
- Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство, а...
Контроверзниот грчки бизнисмен Иван Савидис го купува „Порто Карас“ за 205 милиони евра
Контроверзниот грчки бизнисмен Иван Савидис, роден во Советскиот Сојуз, според грчката агенција АНА-МПА, во секој миг треба да ја заврши купопродажбата со која за сумa од 205 милиони евра треба да стане нов сопственик на луксузниот туристички комплекс „Порто Карас“ на Халкидики.
Савидис, кого грчките медиуми го нарекуваат „рускиот цар на Солун“ во 2018 година беше обвинуван дека финансирал одредени...
Новите пасоши – нова (погрешна) нервоза во Грција околу името
Грчкиот портал newsbreak.gr објави текст во кој, почнувајќи од насловот, се демонстрира голема нервоза поради тоа што новата пратка од 100.000 обрасци за македонски пасоши која се очекува кон крајот на март ќе биде од „старите“, односно на нив ќе пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“.
Притоа се тврди дека е тоа спротивно на Преспанскиот договор.
Текстот не е...
Спасовски побара од Собранието да ја разреши министерката Мизрахи
Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од пратениците во Собранието да ја разрешат техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, информираат од владата. Предлогот на премиерот утрово бил доставен до собраниските служби и истиот треба да биде ставен на дневен ред на следната седница.
- За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако...
Ципрас: Мицотакис ќе го моли Мицкоски да не го отфрла договорот за името
Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во...
„Етнос“ на ВМРО-ДПМНЕ му импутираше неискажани намери
Во текст објавен на веб-страницата на грчкиот весник „Етнос“, под насловот „Шесте ,пораки' на Атина за Скопје по ,не'-то на Европјаните“, на читателите им е пласирана невистинита информација за тоа какви се намерите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што би правеле со Преспанскиот договор ако партијата дојде на власт.
Во текстот се тврди дека највисоките партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ...
Заев ги фрли коцките: Застојот во евроинтеграциите го загрозува Преспанскиот договор
Во интервју за сервисот на „Еуроњус“ на грчки јазик дадено вчера, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека одлуката да не се додели датум за почетокот на преговорите на Северна Македонија, го става во ризик Преспанскиот договор. Поточно, тоа значи дека деловите за внатрешната употреба на новото име ќе бидат блокирани и не ќе може да се спроведат.
Заев објаснува дека...
Караманлис: Можевме да добиеме многу повеќе од Преспа, нивните проблеми се многу поголеми
Преспанскиот договор, односно самото негово потпишување, не значи автоматски добивање билет за влез во Европската Унија, порача поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, во вчерашното обраќање како еден од главните говорници на одбележувањето на 80-годишнината од Здружението за македонски студии во Солун.
Во врска со Преспанскиот договор, тој рече дека Грција не успеала да го искористи преседанот што тој го креирал,...
ВМРО – ДПМНЕ од Штип одбива преименување на институциите со додавката Северна
Советниците од опозициската ВМРО - ДПМНЕ најавија дека ќе ја напуштат седницата на Советот на Општина Штип, на секоја точка од дневен ред, каде се бара промена на името на институциите со додавката Северна. На последната седница беа измените на Статутот на ОУК Дом на млади, каде требаше да се додаде додавката Северна секаде во документот каде стои Република...
Македонија го доби првиот амбасадор на Грција – Јанакакис унапреден од шеф на Канцеларијата за врски
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија. Јанакакис од 2016 година беше шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, а со овој чин тој станува официјален дипломатски претставник, според Преспанскиот договор.
„Изразувајќи задоволство од отворањето на ново...
Заев на Генералното собрание на ОН: Договорот со Грција ја зајакна стабилноста на Балканот
Премиерот Зоран Заев имаше обраќање на пленарната сесија на 74 - тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Како што информираат од владата, премиерот Заев во својот говор нагласил дека за прв пат се обраќа од позиција на шеф на Владата на Република Северна Македонија со комплетирана лична карта на земјата во Обединетите нации, во чија карта се наведени...
Заев и Гутереш: Северна Македонија е синоним за победа на дипломатијата и дијалогот
Премиерот Зоран Заев на маргините на 74 - тото Генерално собрание на ОН се сретнал со Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, информираат од владината прес - служба.
Македонскиот премиер посебна благодарност на средбата искажал за признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН, Гутереш. Во извештајот, договорот со Грција бил оценет како...
Средба на Димитров со новиот грчки амбасадор во Скопје, Димитрис Јанакакис
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Грција, Димитрис Јанакакис, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за негово именување за грчки амбасадор во државата. Новиот амбасадор доаѓа во Скопје по подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасада, што се случи на 31 мај 2019 година.
„Димитров изразил увереност во натамошно продлабочување,...
Српска „Политика“ опасно го врза „Рекет“ со Преспанскиот договор
Најстариот српски дневен весник „Политика“ вчера (21.08.2019) излезе со текст насловен: „Рекет“ фрла ново светло врз Преспанскиот договор („Reket” baca novo svetlo na Prespanski sporazum), во кој прави конструкција дека Договорот со Грција за решавање на спорот со името е изгласан со рекетирање .
Овој влијателен весник анализирајќи ги случувањата со аферата „Рекет“, влече линкови со кои го врзува споменатиот...
Поставени плочки на спомениците од „Скопје 2014“, се менува и Сонцето од Вергина (галерија)
Утрово во центарот на Скопје осамнаа плочки на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија, на кои е напишан текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје.
Ваквиот потег на македонските власти е...
Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор
Српската испостава на руската мултимедијална новинска агенција „Спутник“, (Sputnik.rs.) неодамна објави интервју со двајца српски историчари на тема кражба на историја на Балканот, со акцент на Македонија, Црна Гора и Косово, при што новинарката уште во старт ја дезинформираше јавноста со два неточни факта.
Разговорот е објавен и кратко прераскажан и на веб страницата на „Спутник“, под наслов „Македонците и...