вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Преспански договор | 100 резултати

Москва: Уставните измени не се по волја на народот, Советот за безбедност на ОН да расправа за името

јануари 14, 2019

Одделот за информирање и печат на руското Министерство за надворешни работи (МНР) изгласувањето на новите амандмани на македонскиот Устав за промена на името на земјава го нарече „вештачка промена на името на државата со цел форсирано внесување на Скопје во НАТО“ и порача дека проблемот со преименувањето на земјава да се разгледува од Советот за […]

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

јануари 14, 2019

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година. Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила […]

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

јануари 14, 2019

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта […]

СДСМ вели дека се отворија перспективите, ВМРО-ДПМНЕ дека е променет идентитетот

јануари 14, 2019

Отворени се перспективите, 2019 ќе биде година на напредок, интеграција, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин. Со усвојувањето на уставните измени, Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок, порача СДСМ денеска. „Македонија станува 30 земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година, се очекува и почеток на […]

Со 81 глас „за“, изгласани уставните измени

јануари 11, 2019

Со 81 глас „за“ вечерва пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени, односно амандманите 33 до 36, кои се обврска за Македонија според Преспанскиот договор што беше потпишан на 17 јуни минатата година. Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани. Според Уставниот закон кој беше исто така усвоен, овие […]

Постигнат е договор со БЕСА на Касами за уставните измени

јануари 11, 2019

Постигнат е договор со крилото на БЕСА на Биљал Касами да се гласа за измените на уставот, изјави на прес-конференција попладнево портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Тој не прецизираше што е договoрено, но истакна оти тоа ќе биде објаснето преку партиски соопштенија. Рече дека продолжението на седницата на која ќе се гласа за уставните измени […]

Спасовски: 27 април нема да се повтори

јануари 11, 2019

Во моменти кога се очекува финалното усвојување на уставните измени, во услови на тензични протести пред Собранието, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од Радовиш директно не одговори на прашањето дали е можна ескалација на настаните, како на 27 април 2017 година, кога демонстрантите упаднаа во Собранието и беа брутално претепани повеќемина пратеници и […]

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

јануари 9, 2019

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија […]

Села ја чека средбата со Заев, БЕСА на Касами тврди дека не блокира

јануари 8, 2019

Крилото на движењето БЕСА предводено од Биљал Касами вели дека не ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија, а гласовите на нејзините пратеници ќе зависат од тоа како ќе се одвива дебатата, порача пратеникот Фадил Зендели денеска, јави  „Порталб.мк“. Прашан неколкупати дали ќе гласаат за уставните измени ако не се исполнат нивните барања Македонија да се […]

Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот Договор

јануари 3, 2019

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа. Тоа, според грчкиот весник „Катимерини“ е наведено во писмо од Столтенберг, порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес. „Според некои назнаки, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испратил писмо во кое Скопје и Атина се повикуваат […]

Лавров ги обвини ЕУ и САД за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија

декември 7, 2018

Се случува грубо систематско мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија. Секојдневно нејзините граѓани беа убедувани да гласаат потврдно на референдумот за Преспанскиот договор на 30 септември годинава. Референдумот, како што е познато, не успеа. Во таква ситуација во Собранието на 19 октомври се протурка одлука за уставни измени со уцени и […]

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

декември 6, 2018

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло. Како што пишува атинска „Ифимерида“  сега кога веќе владата во Атина станала свесна дека терминот „македонски […]

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

декември 5, 2018

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, вчера во Сараево рече дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го примени Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за […]

Метју Палмер денеска во Македонија

октомври 22, 2018

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии. МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република […]

Макрон: Потполно и силно го поддржувам договорот со Грција

септември 22, 2018

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, испрати видео порака во која им се обрати на граѓаните во Македонија околу референдумот. Во пораката Макрон Преспанскиот договор го оценува како „срце“ на нашата иднина, нагласувајќи дека на него се чекало 27 години и дека тој е резултат на храброста на лидерите на двете земји. „Веќе 25 години нашите две […]

Професори од Оксфорд, Сорбона, Колумбија… со поддршка за Преспанската спогодба

јули 23, 2018

Повеќе од 40 универзитетски професори, интелектуалци, филозофи и студенти ја изразија својата поддршка за Преспанската спогодба на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, оценувајќи го како пробој и најдобро решение за решавање на 27-годишниот спор на двете земји. Во писмо до британскиот весник „Гардијан“, потписниците кои се од некои од највидните светски […]

Страна 5 од 5