fbpx

Макрон: Потполно и силно го поддржувам договорот со Грција

-

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, испрати видео порака во која им се обрати на граѓаните во Македонија околу референдумот. Во пораката Макрон Преспанскиот договор го оценува како „срце“ на нашата иднина, нагласувајќи дека на него се чекало 27 години и дека тој е резултат на храброста на лидерите на двете земји.

„Веќе 25 години нашите две земји негуваат дипломатски односи. 25 години заедничко минато и поврзани судбини меѓу нашите народи, чии корени се длабоко вкоренети низ вековите.

Во тој поглед, во последните години беа направени многу нешта, но на 17 јуни 2018 година се направи голем исчекор.

Исчекорот беше направен со храброста на вашите лидери, меѓу вашата земја и Грција, со кој се стави крај на 27-годишниот спор.

Таа т.н. „Спогодба од Преспа“ од 17 јуни 2018 година, овозможува напредок и подготовка на иднината. Референдумското прашање на 30 септември оваа година се однесува токму на таа спогодба“, нагласува Макрон и вели дека тој го поддржува договорот „потполно и силно“.

Макрон вели дека е „одлучно ЗА и цврсто верува дека овој договор е добар“, како што вели „за вас, за целиот регион и за Европа“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...