Спасовски не излажал кога кажал дека кодовите на земјата остануваат да бидат МК и МКД

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1 став д

-

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1, став д. Во истиот член се наведува и дека ознаката само за регистарските таблички ќе биде НМК, но јасно се нагласува дека за сите други намени кодовите остануваат МК и МКД, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук, навредувајќи го министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврди дека тој лажел кога кажал дека меѓународните кодови на земјата со потпишувањето на Преспанскиот договор, остануваат да бидат МК и МКД. Притоа, тврдењето во постот се заснова на тоа што регистарските таблички на возилата, согласно договорот, од 2024 година ќе имаат ознака НМК.

Обиџуко лаже ко циган, спие на таван и има вошки.
Ќумез не ти бега, жими Рамче…, стои во објавата која ја анализираме.
Но, тврдењата во постот се лажни и манипулативни. Имено, министерот Спасовски не излажал кога кажал дека кодовите на земјата остануваат МК и МКД. Вистиномер веќе има пишувано за вакви слични манипулации кои ги шират противниците на Преспанскиот договор со кој се реши повеќедецинскиот спор со Грција околу името на Македонија.

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1 став д. Во истиот член, исто така, се наведува дека ознаката само за регистраските таблички ќе биде НМК, но јасно се нагласува дека за сите други намени кодовите остануваат МК и МКД.

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

Оттука, не може да се каже дека министерот Спасовски излажал кога кажал дека кодовите на земјата останува да бидат МК и МКД.

Очигледно е дека постот има за цел да манипулира со следбениците на социјалните мрежи. Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистинита.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...