Ковачевски: Ќе се разгледа предлогот за пролонгирање на рокот за замена на личните документи

Во одговор на новинарско прашање, премиерот рече дека е свесен за гужвите и редиците за сликање за нови пасоши и лични документи и најави разгледување на предлогот од претседателот на владина седница. Кажа дека се добредојдени сите предлози со кои може да се унапреди нешто

-

По предлогот на претседателот Стево Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на личните документи, кој, согласно Преспанскиот договор, истекува на 12 февруари, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот.

Пендаровски во синоќешното гостување на Телевизија Сител рече дека процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата е срамен и претставува „непотребно понижување на македонските граѓани“.

За време на разговорот, претседателот јавно ѝ предложи на Владата рокот за вадење на документите да биде пролонгиран до септември или октомври, за што предлага известување на Грција дека „немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“.

„Ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – Закон за лична карта и Закон за патни исправи, и ако е потребно и Законот за безбедност во патниот сообраќај – тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“, рече претседателот Пендаровски.

Ковачевски, во одговор на новинарско прашање, денеска рече дека е свесен за гужвите и редиците за сликање за нови пасоши и лични документи и најави разгледување на предлогот од претседателот на владина седница. Кажа дека се добредојдени сите предлози со кои може да се унапреди нешто.

„Верувам дека и претседателот може да се слушне со претседателката на Грција. Ќе поразговараме на седница на Влада за можноста да се направи. Претседателот Пендаровски најдобро знае бидејќи беше директно вклучен во подготовката на Преспанскиот договор. Зошто да не?“, изјави премиерот Ковачевски.

Во однос на рокот за промена на личните документи на македонските граѓани, Ковачевски кажа дека истиот не е наметнат од Владата, туку е обврска произлезена од потпишан меѓународен договор кој, како што рече, овозможил да станеме земја членка на НАТО.

„Сепак се работи за законски решенија кои се направени во Собранието. Владата може само да го олесни процесот. МВР отвори поголем број на пунктови и вработени, но ќе треба да се зголеми уште повеќе. Да направите законски измени без согласност на сите кои се потпишани, не би било така едноставно и дали би било применливо“, рече Ковачевски.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...