недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: поплава | 116 резултати

Интензивните дождови поплавиле театри, музеи, библиотеки и културни центри

ноември 16, 2017

Министерството за култура констатирало дека при поинтензивни дождови, неколку културни установи во државата се соочуваат со прокиснување на покривите, поплави и со сериозни последици. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска направил увид во Музејот на современа уметност во Скопје, а заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, ги посетил објектите на Драмскиот театар и на Музејот на […]

Сè поголем бројот на загинати во поплавите во Атина

ноември 15, 2017

Најмалку 14 лица загинаа во големите поплави кои се случија во близина на Атина, пренесуваат грчките медиуми. Спасувачките екипи во текот на денот пронашле 12 тела – осум мажи и четири жени во атинско предградие Мандра, додека двајца мажи биле пронајдени мртви во морето. Според грчките власти, во поплавите повредени се најмалку 13 лица, кои […]

Бурата „Харви“ го остави Тексас под вода, крајбрежјето опустошено

август 28, 2017

Тропската бура „Харви“ го опустоши крајбрежниот дел на Тексас и до сега усмрти најмалку три лица, евакуирани се најмалку 2.000 луѓе, а повеќе стотици се без струја. На помош пристигна и американската Национална гарда. -Состојбата е тешка, а ќе биде уште полошо – предупреди гувернерот на Тексас, Грег Абот. За спасување на жителите од поплавените […]

Една година од поплавите во Скопско во кои 22 лица ги загубија животите

август 6, 2017

Пред една година невремето предизвикано од обилни дождови и силен ветер во Скопскиот Регион кај населените места Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, десетици беа повредени, а причинета беше голема материјална штета. Граѓаните од целата држава се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август 2016 […]

Поплавен рудник во Русија, се евакуираат 150 лица

август 4, 2017

Рудникот Мир во рускиот град Мирни е поплавен, а во тек е евакуација на околу 150 лица, јавуваат руските медиуми. – Околу 150 лица се наоѓаат во рудникот. Во тек е евакуација – соопшти министерството за вонредни состојби. Ова е втор инцидент во последната недела во рудникот Мир, со кој раководи компанијата „Алроса“. Едно лице […]

Поплава разори село во Велика Британија

јули 19, 2017

Голема поплава вчера го опустоши Корнвол во Велика Британија. Уништени се куќи во селото Коврак, каде со хеликоптери се спасувало загрозеното население. Локалните жители велат дека крајбрежното подрачје во попладневните часови било зафатено од силни дождови и од град. Невремето траело околу два часа, а нивото на водата во некои места достигнало и до метар […]

18 жртви и многу исчезнати во поплавите во Јапонија

јули 9, 2017

Најмалку 18 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Јапонија, соопштија јапонските власти. Островот Кјушу е опустошен откако реките се излија од коритата, а водата однела делови од патиштата, куќите и од училиштата. Повеќе од илјада луѓе се евакуирани и префрлени во привремени засолништа во школски сали и во […]

Владата ќе одржи седница на која ќе расправа за штетите во поплавените подрачја во Порој

јуни 7, 2017

Владата денеска ќе ја одржи третата седница со почеток во 18.30 часот. На седницата ќе се расправа за преземање соодветни мерки и активности за заштита на граѓаните од настанатите штети во поплавените подрачја во Порој, Тетовско.

Владата почнa постапка за разрешување на Зврлевски

јуни 6, 2017

Новата Влада на својата втора седница, што се одржа денеска, донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката за разрешување на Зврлевски, како што соопштија попладнево од Владата, била донесена поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, а предлогот, се додава во соопштението, ќе биде доставен до Советот на […]

Поплавите во Иран усмртија 17 лица

април 15, 2017

Најмалку 17 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во поплавите во Иран кои се последица на поројните дождови. Како што објави иранската државна телевизија, загинатите се од северозападниот дел на земјата, односно од градовите Ајабшир и Азаршар. Екипи на Црвената полумесечина, полицијата, војската и здравствени работници од раните утрински часови му помагаат на […]

#Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

октомври 27, 2016

Скопската обиколница во поплавата што ги погоди североисточните делови на Скопската Котлина на 6 август годинава, се претвори во апокалиптичен соучесник на надојдените води. Кај Стајковци таа насобра вода која однесе човечки животи и нанесе огромни штети на објекти и на автомобили и засекогаш го измени животот на илјадници жители на Стајковци и на другите […]

Владата целосно ќе ги обесштети граѓаните од поплавените подрачја

октомври 5, 2016

Владата денеска донела одлука 100 отсто да ги обесштети граѓаните чии домови беа уништени во поплавите што се случија во август, соопшти портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев. – Процесот на исплата ќе се одвива во четири транши, а во првата се опфатени 947 премети за кои се одвоени 118 милиони денари. Според апроксимативната вкупна бројка на предмети, […]

Пратениците денеска на пленарна седница ќе расправаат за предлог-ребалансот на буџетот

септември 19, 2016

Собранието денеска во рамки на 117. седница треба да почне расправа за новиот ребаланс на буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот […]

Груевски: Ги исполнуваме ветувањата кон граѓаните од поплавените подрачја

септември 18, 2016

ВМРО-ДПМНЕ е водечка и најодговорна партија во Македонија и како таква, ние, кога се случија поплавите, дадовме цврсти ветувања дека работите ќе се вратат во нормала, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета во Стајковци. Тој рече и дека ветувањето веќе почнало да се реализира и дека е почнато со асфалтирање на улиците. […]

Повторно поплавени дворови, подруми и гаражи во Стајковци

септември 7, 2016

Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук-групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите“ бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови. Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата 6, која се наоѓа на крајот на […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува трагедијата во која загинаа 22 лица

август 29, 2016

„Нема човек кој не смета дека врв на дегутантност се класичните обиди на СДСМ да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 луѓе. Како што наближуваат изборите и сигурниот убедлив пораз на СДСМ, паниката која иницира напади на некрофилија почнува да доминира на Бихаќка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на […]

Општина Гази Баба нуди правни совети за граѓаните од поплавените подрачја

август 28, 2016

В понеделник, среда и в петок претстојната недела, од 10 до 13 часот во месната заедница Стајковци и од 13 до 14 часот во месната заедница Ченто, ќе се одржат средби со граѓани на овластеното здружение за обезбедување претходна правна помош, Македонско здружение на млади правници – Скопје (МЗМП). Правната помош треба да им олесни на […]

Вонредно прскање против комарци во поплавените подрачја

август 25, 2016

В сабота, во периодот од 23 до 2 часот по полноќ, Град Скопје вонредно ќе прска против комарци на територијата зафатена со поплавата што се случи на 6 август. Прскањето ќе се врши терестрично (од земја) во населените места Смиљковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто. Вонредното прскање ќе се […]

Словенија ќе даде 30.000 евра хуманитарна помош за поплавените подрачја

август 25, 2016

Владата на Република Словенија донела дополнителна одлука да намени хуманитарна помош за погоденото население во висина од 30.000 евра, известија од словенечката амбасада во Скопје. – Со паричната помош, која ќе биде испратена преку Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), Република Словенија сака да придонесе за отстранување на последиците од невремето […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака политички да ја злоупотреби поплавата

август 23, 2016

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш за дебата во Собранието, затоа поддржува одржување на надзорна расправа за поплавите што ја погодија Македонија, одговори владејачката партија на барањето од СДСМ. „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како досега, така и сега, поддржува дебата и ќе направи сè што е во нејзина можност, преку дебата и преку постапки во Собранието […]

Страна 3 од 6