Пожар кај Ѓавато, поплава во Кочани

-

Пожарот кај место викано Погана на југот на земјава е активен и се движи од село Ѓавато кон село Грчиште. Кај Ѓавато е запрен на 100 до 200 метри од селото, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Освен тоа, вчера имало и поплави на повеќе објекти во општина Кочани, каде што исто така екипите на ЦУК интервенирале.

„На терен за гаснење на пожарот во Ѓавато моментално се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Валандово – тим за брз одговор со 13 вработени, „Комуналец“ од Богданци со 10 луѓе, противпожарна служба од Дојран со една цистерна, како и противпожарна служба од Струмица со едно теренско возило со пумпа и пет пожарникари“, информираат во ЦУК.

Оттаму додаваат дека хеликоптер на АРСМ пристигнал во шест часот изутрина и веќе два пати има дејствувано.

Во ЦУК информираат и дека преку бројот за итни повици 112, во директни телефонски разговори на граѓани со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Кочани, добиени се пријави за поплави на повеќе објекти во општина Кочани.

„Пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите, како и скинати кабли од електрични линии. Екипите на ТППЕ Кочани се излезени на терен и работат на испумпување на поплавените објекти. Побарана е и помош од околните единици за да интервенираат и тие, а побарана е помош и од ДЗС“, информираат во ЦУК.

Во текот на ноќните и утринските часови се интервенирало на повеќе улици и локации во градот на испумпување на вода и средување на просторот од паднати дрвја, како и две помали противпожарни интервенции во Кочани. Во интервенцијата учествувале сите пожарникари од ТППЕ Кочани 15 лица, 22 пожарникари од доброволното против пожарно друштво-Кочани, со сите ппмв и 4 пожарникари од ТППЕ Штип.

Синоќа имаше и два пожари на подрачјето на Куманово. Според првичните информации, пожар имало на градските гробишта и уште еден кај Ловечкиот дом.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...