Брајан Авиа, Сара Јанковиќ и Христијан Глигороски ќе се натпреваруваат на Европскиот младински олимписки фестивал

Фото: Македонски Олимписки Комитет

Најдобрите млади спортски таленти во Европа, меѓу кои алтетичарот Брајан Авиа, пливачката Сара Јанковиќ и џудистот Христијан Глигороски од Северна Македонија ќе се натпреваруваат на 16-тото издание на Летниот европски младински олимписки фестивал (EYOF), кој официјално беше отворен вчера во словачкиот град Банска Бистрица.

За време на церемонијата на отворањето на игрите, како што соопшти Европскиот Олимписки Комитет, посебен прием им беше приреден на присутните 46 украински спортисти.

Словачка со одржувањето на Европскиот младински олимписки фестивал се придружува на ексклузивната група на земји, кои беа домаќини и на зимскиот и на летниот EYOF.

Во текот на следната недела (24-30 јули), повеќе од 2.200 спортисти од 48 НОК ќе се натпреваруваат во 10 спортови, а натпреварите ќе се емитуваат во живо на каналот ЕОК.