fbpx

Пукнала цевка во СЈО, поплавени дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

-

Дел од доказите за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство биле поплавени, откако пукнала цевка од парното во објектот каде е сместено СЈО.

Од СЈО за емисијата „360“ на „АлсатМ“ потврдија дека минатата недела се случила поплава во нивниот објект и биле зафатени дел од документите собирани како докази за три предмети.

„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување“, велат од СЈО.

Предметите „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, додека предметот „Империја“ е во фаза на истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стапија во сила договорите за зголемена мобилност и движење со лични карти во Западен Балкан

Во Северна Македонија, Албанија и Косово денеска стапија на сила трите договори потпишани на 3 ноември лани во рамките на Берлинскиот процес, со кој на граѓаните им се овозможува...
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy paid course
download lenevo firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download