Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

Забележан е смртен случај и во Франција, во Англија се затвораат училишта, а климатските експерти тврдат дека бурата е толку сурова поради климатските промени 

-

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата.

Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс известуваат за силни бранови на хрватското крајбрежје, како и случаи на превртени камиони и паднати дрвја.

Невремето предизвикува дополнителни инфраструктурни проблеми поради тоа што се затвораат пристаништа и се откажуваат возови и летови. Во Велика Британија, од каде започна бурата, се затвориле повеќе од 300 училишта, а во Франција над 1,2 милиони жители се без пристап до струја, известува Би-би-си.

Гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани, ги истакна климатските промени како причинител за невремето и поплавите во Италија и најави кризна состојба во Тоскана. Гувернерот изјави дека толкави количества дожд не се регистрирани во последниве 100 години.

Климатските научници велат дека оваа бура е толку силна поради неколку различни фактори предизвикани од климатските промени.

Воздушните атмосферски струи оваа година се позасилени од вообичаено. Нивниот зголемен интензитет носи со себе понепредвидливи временски услови како и посилни ветрови. А причина поради која се поинтензивни струите лежи во зголемената разлика во температури меѓу ладниот Арктик и потоплиот суптропски појас – оваа разлика се зголемува како што се покачуваат температурите во суптропскиот појас.

Дополнително, има повисоко на влажност поради повисоките температури, што, пак, предизвикува посилни дождови, поради тоа што топол воздух држи повеќе влажност.

Истражувањата покажуваат дека ваквите невремиња со силни ветрови и многу дожд ќе стануваат сè почести.

Управата за хидрометеоролошки работи предупреди за засилежни дождови и ветрови во Македонија во текот на денешниот и утрешниот ден.

УХМР за денеска и за утре предупредува за силен ветер и обилен дожд

 

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...