fbpx

Прорускиот политичар Александар Вулин даде оставка од директорската позиција во БИА

Вулин во денешната оставка што ја поднесе од директорската функција на БИА вели дека САД и ЕУ ја барале неговата глава за да не бидат воведени санкции кон Србија

-

Еден од главните руски играчи во Србија, директорот на Безбедносната информативна агенција (БИА) Александар Вулин денеска поднесе оставка од функцијата, пренесува весникот Данас. Оставката доаѓа по речиси 11 месеци откако беше именуван на оваа функција од страна на актуелната српска власт.

Во текот на неколкумесечното раководење со моќната БИА, во септември се случи вооружениот инцидент кај селото Бањска во северно Косово, каде што загинаа еден косовски полицаец и тројца напаѓачи. Косовските власти тогаш обвинија дека Србија е директно поврзана со вооружување на групата предводена од Милан Радојчиќ. Само неколку месеци претходно, САД во јули 2023 година го впишаа Александар Вулин на црната листа поради криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреби на јавната функција.

БИРН открива: Запленетото оружје кај Бањска поминало низ рацете на српската држава

Александар Вулин на „црната листа“ на САД поради криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреби

Вулин во денешната оставка што ја поднесе од директорската функција на БИА вели дека САД и ЕУ ја барале неговата глава за да не бидат воведени санкции кон Србија. Тој тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ се соочувал со закани и уцени, кои можело да се споредуваат само со „австроунгарскиот ултиматум од 1914 година“, пишува Вулин.

Александар Вулин на крајот се заблагодари на претседателот Вучиќ поради тоа што „ја бранел Србија“.

„Го молам да остане претседател на сите Срби, последниот слободен водач во Европа, во чест на сите Срби. Се надевам дека и на овие избори ќе одиме заедно да ја водиме борбата за слободна Европа“, напиша во оставката Александар Вулин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...