fbpx

БИРН открива: Запленетото оружје кај Бањска поминало низ рацете на српската држава

Анализата на БИРН не може да докаже како оружјето завршило во рацете на вооружената група предводена од Милан Радоичиќ, но затоа пак сугерира дека оружјето било или украдено од државните магацини или продадено преку приватен трговец со оружје или му било предадено на Радоичиќ од државата

-

Дел од оружјето коешто го заплени косовската полиција по нападот кај селото Бањска во северно Косово поминало низ рацете на српската држава во изминативе пет години, пишува Балкан Инсајт во обемната анализа што ја спровел тимот на БИРН.

Анализата на БИРН не може да докаже како оружјето завршило во рацете на вооружената група предводена од Милан Радоичиќ, но затоа пак сугерира дека оружјето било или украдено од државните магацини или продадено преку приватен трговец со оружје или му било предадено на Радоичиќ од државата.

Балкан Инсајт пишува дека минофрлачките гранати и противтенковските ракетни фрлачи поминале низ српските државни центри за одржување во централна Србија во 2018 и 2021 година. Според анализата, најинтересна е муницијата – куршуми за автоматска пушка произведени во 2022 година од страна на најновата фабрика за оружје во Србија – „Белом“.

Воениот експерт од Србија, Александар Радиќ вели дека земјата има прилично добар инвентарен систем за оружјето, така што ако нешто недостасува од воените залихи може брзо да се утврди кражбата на такво оружје и во овој случај.

Инаку, во нападот кај Бањска во северниот дел на Косово од вооружената група што ја предводеше Радоичиќ на крајот од септември загина еден косовски полицаец, додека во судирите со полицијата загинаа и тројца напаѓачи.

Целата анализа на Балкан Инсајт може да се прочита на следниов линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...