fbpx

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

-

Прорускиот политичар Александар Вулин е избран за директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), одлучи вчера владата во Белград. Вулин во јавната реакција по назначувањето изјави дека неговиот избор е доказ дека Александар Вучиќ не попушта под притисоците на странците, пишува српскиот весник Данас.

Вулин до изборот на новата српска влада ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи и имаше исклучително блиски односи со Москва, која ја посети во текот на август годинава како еден од ретките европски министри што се одлучија да заминат во официјална посета на Русија.

Инаку, по назначувањето на Вулин за директор на БИА реакции пристигнаа и од српските опозициски политичари, кои обвинуваат дека неговото именување е избрано од рускиот амбасадор во Србија, Боцан Харченко.

Лигата на социјалдемократи на Војводина оцени дека изборот на Александар Вулин за директор на БИА е срамен чин на српската влада, наведувајќи дека зад ваквата одлука стои рускиот амбасадор во Белград, Харченко, пренесува весникот Данас.

Опозициската Партија на слобода и правда во реакцијата нагласува дека со назначувањето на Вулин е загрозена безбедноста на граѓаните и на Србија.

Српскиот историчар Милан Протиќ вели дека српската безбедносна служба е формирана по пример на злогласната советска служба КГБ и отсекогаш работела по тие принципи. Тој смета дека на новата функција Вулин е погоден за да врши прислушување на руската опозиција што се наоѓа во Србија.

„Сите оние кои биле на чело на таа служба потекнуваат од тој шинел. Мене ова не ме чуди, бидејќи таа служба никогаш не е реформирана и има длабоки корени во комунистичкото разбирање на својата улога и на светот. Во таа смисла, оваа одлука, сосема добро се вклопува“, вели Протиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...