fbpx

Александар Вулин на „црната листа“ на САД поради криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреби

Според американското Министерство за финансии, Вулин му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ неговите „нелегални пратки со оружје слободно да се движат низ границите на Србија“ и со тоа и обезбедил на Русија „платформа за натамошно, малигно влијание во регионот“

-

Aмбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија соопшти дека американското Министерство за финансии изрекло санкции против директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин и нагласи дека оваа акција не е насочена кон ниту една од институциите на Србија.

Во соопштението се наведува дека Александар Вулин, висок функционер на Владата на Србија, бил вклучен во транснационален организиран криминал, нелегални операции поврзани со наркотици и злоупотреба на јавна функција.

Според американското Министерство за финансии, Вулин му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ неговите „нелегални пратки со оружје слободно да се движат низ границите на Србија“ и со тоа и обезбедил на Русија „платформа за натамошно, малигно влијание во регионот“, пренесува регионалната телевизија Н1.

„Санкциите против Вулин се „меко предупредување“ дека не само што не смеел да дојде на таа позиција, туку и не смеел да остане таму“, изјави поранешниот директор на Воено-безбедносната агенција (ВБА) Момир Стојановиќ, за Н1.

Стојановиќ рече дека Вулин е назначен за шеф на БИА на барање на неговиот кум Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата Пинк. Според него, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го исполнил тоа барање, а од друга страна, на Пинк има голем простор да „води своевидна психолошко-пропагандна војна против граѓаните на Србија“.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го осуди воведувањето американски санкции против директорот на Безбедносно-информациската агенција (БИА) Вулин, оценувајќи дека тoa е знак дека Вулин работел и работи во корист на неговата земјата и неговиот народ.

Запрашан за коментар за ставањето на Вулин на американската „црна листа“, Додик рече дека тоа е „награда за неговиот патриотизам и истрајност во зачувувањето на пријателските односи со Русија и рускиот народ“.

„Секој кој е неутрален на денешната глобална политичка сцена и не зазема страна на американските интереси е непријател на САД. Александар Вулин е „виновен“ за САД, бидејќи остана принципиелен и експресно против воведувањето санкции против Русија поради руско-украинскиот конфликт“, изјави Додик.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се вели дека санкционирањето на Вулин ја покажува решеноста на Соединетите Држави да ги повикаат на одговорност сите оние „ангажирани во коруптивни практики кои ги унапредуваат нивните сопствени политички агенди и лични интереси на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан“. Овие коруптивни зделки ги олеснуваат злонамерните активности на Русија во Србија и во регионот, стои во соопштението.

Овие санкции имаат последица, како што е наведено, на замрзнување на имотот што може да го има Вулин во САД, но тие исто така значат дека на американските државјани, како и на американските компании и институции, како и на банките кои работат во САД, им се забранува да вршат трансакции со него (освен ако е овластено со посебна ОФАЦ дозвола или не се изземени од одлуката).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...