Еуростат: По две години опаѓање, населението на ЕУ повторно во пораст

Од Еуростат посочуваат дека намалувањето на населениото на ЕУ во 2020 и 2021 година е последица на ковид-19 пандемијата, а зголемениот број жители во голема мера се должи на зголемениот број мигрантски движења по пандемијата како и на бегалците од Украина

Фото: Guillaume Perigois, Unsplash

Населението на Европската Унија броело 448,4 милиони жители на 1 јануари годинава, а на почетокот на претходната година, на 1 јануари 2022, имало 446,7 милиони жители. Станува збор за пораст од 1,7 милиони жители, се вели во извештајот на Еуростат објавен денеска.

Овој пораст е забележан по две години опаѓање на бројот на жители во Европската Унија.

Од Еуростат посочуваат дека намалувањето на населениото на ЕУ во 2020 и 2021 година е последица на ковид-19 пандемијата.

Природниот негативен прираст во населението (повеќе смртни случаи од раѓања) бил избалансиран со стапката на миграција. Еуростат анализира дека зголемениот број жители во голема мера се должи на зголемениот број мигрантски движења по пандемијата како и на големиот број бегалци од Украина кои пристигнаа во Европа во последната година.

На графикот подолу може да се види како растела и паѓала бројката на вкупното население на Европската Унија во последните 20 години.