fbpx

Демири: Досега се евидентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат децата

Ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, посебно на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да ги вакцинираат своите деца, изјави новиот министер за здравство, Илир Демири

-

Во државата досега се евдентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат своите деца, апелираше денеска новиот министер за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека Центарот за јавно здравје веќе прогласил епидемија на ниво на град Скопје, по предлогот на Комисијата за заразни болести од пред речиси две недели.

Демири потсети дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот систем.

„Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, посебно на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да ги вакцинираат своите деца. Сите деца прво треба да се вакцинирани, па да одат во градинка. Тоа беше и предлог на членовите на Комисијата за заразни болести“, рече Демири.

И епидемиолозите кои минатата недела ги контактираше Мета рекоа дека децата не смеат да одат невакцинирани во градинка, ако сакаме да не се соочуваме со епидемии на болести кои се опасни по здравјето и животот и за најмалите и за возрасните. Од голема кашлица, населението може да се заштити само со вакцината ДиТеПер, која се прима пет пати во текот на животот, во детската возраст.

Првата ревакцинација со ДиТеПер, почнувајќи од 2015, бележи континуирано опаѓање достигнувајќи најнизок опфат од 66 отсто во 2020 година. Во 2022 година се регистрира намалување на опфатот (69,3 отсто) во однос на 2021 година (72,8 отсто). Просечниот опфат за периодот 2017-2021 година изнесува 78,1 отсто и е повисок од регистрираниот опфат во 2022 година.

Опфатот на ревакцинацијата со ДиТеПер/ИПВ кај училишните деца на 7 години од 88,5 отсто, бележи зголемување во однос на 2020 година (87,3 отсто) и 2021 година (74,7 отсто). Опфатот на ревакцинацијата со ДиТе/ИПВ кај училишните деца на 14 години (89,3 отсто) бележи зголемување во однос на 2020 година (80,3 отсто) и 2021 година (85,9 отсто), но сè уште има низок процент под 90 отсто.

Една од препораките на епидемиолозите во Институтот за јавно здравје, е изолација на заболените во здравствените институции или во домашни услови, посебно ако во семејството има доенчиња, мали деца и невакцинирани лица, најмалку 5 дена од отпочнување со антибиотска терапија. Истото важи и за сомнителните болни/контакти на заболените лица доколку примаат хемиопрофилакса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...