fbpx

Мајката и адвокатите на Навални спречени да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард

Адвокатскиот тим на Навални ги обвинува руските власти дека се обидуваат да прикријат што се случило. Една од причините поради кои тие бараат пристап до телото е да проверат дали има очигледни надворешни знаци на повреда

-

На мајката на Алексеј Навални и неговите адвокати не им било дозволено да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард во близина на затворската колонија каде властите соопштија дека тој починал, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш, а пренесува Гардијан.

„Еден од адвокатите беше буквално истуркан“, напиша Јармиш на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека персоналот на мртовечницата не одговарал на прашањето каде е телото на Навални.

Мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја и неговиот адвокатски тим викендов отпатувале во озлогласената казнена колонија „Поларен волк“ ИК-3 во северниот дел на Русија на Арктикот, каде што Навални беше задржан минатата година за да добијат пристап до неговото тело, но наишле на спротивставени информации од разни институции за локацијата на телото.

Рускиот опозициски лидер Навални, кој беше жесток критичар на Кремљ, отслужуваше повеќедецениска затворска казна по различни обвиненија. Тој беше ставен зад решетки откако се врати од Германија во Русија во јануари 2021 година, а сите обвиненија ги отфрли како политички мотивирани.

47-годишниот Навални во петокот наводно паднал во несвест и починал по прошетка во казнената колонија. На неговата мајка ѝ било кажано дека починал од „синдром на ненадејна смрт“, нејасен термин за различни срцеви состојби кои завршуваат со смрт.

Јармиш рече дека на Људмила Навалнаја и адвокатите им било кажано оти истрагата околу причините за смртта е продолжена и дека е нејасно колку време ќе потрае.

Тимот на Навални ги обвинува руските власти дека се обидуваат да прикријат што се случило, пренесува Би-би-си.

Една од причините поради кои тие бараат пристап до телото е да проверат дали има очигледни надворешни знаци на повреда.

Сомневањата на неговиот тим доаѓаат по искуство пред три години, кога Навални беше отруен со воен нервен агенс, а руските власти чекаа долго време пред да му дозволат на семејството да го однесе Навални во странство на лекување и тестирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...