fbpx

Израел најави проширување на воените операции во Рафа, ако заложниците не бидат ослободени до Рамазан

Светиот муслимански месец се очекува да започне на 10 или 11 март, а коментарите на Ганц се најјасниот рок досега за израелска воена акција во овој јужен град во Газа

-

Израелските сили ќе ги прошират воените операции во Рафа доколку заложниците што ги држи Хамас не бидат вратени до почетокот на Рамазан, изјави вчера министерот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц, а пренесува Си-ен-ен.

Светиот муслимански месец се очекува да започне на 10 или 11 март, а коментарите на Ганц се најјасниот рок досега за израелска воена акција во овој јужен град во Газа, каде што повеќе од 1 милион раселени Палестинци се засолнуваат во близина на египетската граница.

„Светот мора да знае и лидерите на Хамас мора да знаат – ако до Рамазан нашите заложници не се дома, борбите ќе продолжат во областа Рафа. Ќе го направиме тоа на координиран начин, олеснувајќи ја евакуацијата на цивилите во дијалог со нашите американски и египетски партнери за да се минимизираат цивилните жртви“, изјави Ганц на собирот на американските еврејски организации во Ерусалим.

Израел соопшти дека планира да ги прошири своите копнени операции во Рафа како дел од неговата цел да го уништи Хамас по нападите од 7 октомври 2023 година. Но, постои зголемена загриженост дека околу 1,5 милиони Палестинци кои се засолнети во Рафа, нема каде да одат.

„На оние кои велат дека цената е превисока, јас им го кажувам ова многу јасно: Хамас има избор – може да се предаде, да ги ослободи заложниците, а граѓаните на Газа ќе можат да го прослават светиот празник Рамазан“, рече Ганц.

Речиси 29.000 Палестинци се убиени, а над 68.000 повредени во израелските напади врз Газа од октомври, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас. Како што пренесува Гардијан, најмалку 127 Палестинци се убиени, а 205 други повредени во изминатите 24 часа.

Израелската војска вчера соопшти дека во последното деноноќие убила десетици палестински милитанти и запленила големо количество оружје во борбите низ Појасот Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...