fbpx

Цвејоска Чолаковска: 21 век е век на алергиски, автоимуни и малигни заболувања

Сите овие групи болести го напаѓаат имунитетот, вели директорката на Детска клиника Валентина Цвејоска Чолаковска

-

Глобалното затоплување и аерозагадувањето се едни главните причинители поради кои расте бројот на случаи на деца со алергиски болести, кои бараат помош на Клиниката за детски болести. Како што денеска на брифинг со новинарите информираше директорката доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, доминираат алергискиот ринитис, ринокоњуктивитис, но и ларингитис и бронхоопструкции.

Алергиските болести, автоимуните заболувања како и малигните заболувања се болести на овој век, бидејќи според директорката, сите го напаѓаат имунитетот.

„Глобалното затоплување прави порано да почнуваат да цветаат дрвјата и тревата, a згора на тоа, тие и породолжено цветаат. Порано се знаеше, имавме алергии во мај и јуни и тука завршувавме, а сега цветаат и во август. Децата се цело време атакирани од алергени и развиваат алергиски астми, конјуктивити. Полени имало co векови наназад, но вакви бројки сме немале. Проблемот е и на светско ниво изразен, поради глобалното затоплување, глобалното загадување. 21 век ќе е век на алергиски заблувања малигни и автоиумуни заболувања. Сите три групи болести го напаѓаат нашиот имунитет“, смета директорката.

Причинители за алергиските болести, како што додава, се храната и пиењето е главна причина. Лекувањето на децата на оваа Клиника е најчесто амбулантски, но има и деца со повторени ларингитиси, астми, кои бараат и болничко лекување.

На Клиниката се лекуваат дечиња со респираторни инфекции. Грипот бил актуелен во првите месеци од оваа година.

„Во врска со голема кашлица, последни спорадични случаи сме имале последен пат во2018 година. Но, според Институтот за јавно здравје, имаме 410 пациенти со пертусис, докажани болни, од кои билнички кај нас беа лекувани 6 пациенти. Ковид ретко докажуваме, тој влезе во групата пријавени кај што се грип и состојби слични на грип. Опфатот со редовна вакинација за пертусис значително ни опадна, но благодарение на преземените мерки, се зголеми опфатот и задоволни сме како се одвива процесот на вакцинација. Кај нас, на клиниката, подолго време немаме хоспитализирано дете со пертусис“, информира Чолаковска.

На брифингот со новинарите Чолаковска зборуваше и за болните од цистична фиброза, при што информираше дека е завршена постапката за набавка на лекот Трикафта, која била спроведена преку јавна набавка.

„Во овој процес беа вклучени Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и Клиниката за детски болести. Сега сите пациенти постари од 12 години, а кои се погодни за модулаторна терапија, ќе го добијат лекот Трикафта во текот на овој месец“, информира директорката.

На Клинката за детски болести има 350 вработени, но оваа бројка флуктуира. Од сите профили има луѓе што заминуваат во пензија, и медицински сестри, лекари, администрација.

„Од медицинскиот кадар си заминуваат и надвор од државата. Немаме дефицит на лекари во моментов, но имаме на сестри. Имавме конкурс на кој примивме 14 сестри кои се во редовен работен однос. Сега, во период на предизборие не смееме да примаме нови, но штом ќе завршат изборите, ќе почнеме со постапка бидејќи уште ни требаат“, додаде директорката.

 

 

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...