петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: брифинг | 21 резултати

Ковачевски би отстапил од премиер, ако има некој од ВМРО што ќе сака да ги потпише уставните измени за во Собрание

13 јуни 2023

Премиерот Димитар Ковачевски би го отстапил премиерското место, доколку некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест да ја потпише како премиер иницијативата за предложените уставни измени што треба да се достават до Собранието. Од владата брифираат дека Ковачевски со големо задоволство би му ја отстапил на ВМРО-ДПМНЕ таа чест. Исто така, штом ДУИ […]

МЖСПП планира догодина да почне изградбата на инфраструктурата за регионалните депонии

28 јуни 2021

Во 2022 година се очекува да започне изведбата на инфраструктурата за регионалните депонии во секој од регионите во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираа дека во тек е обезбедувањето на средства за оваа намена, дополнувајќи дека во првичната фаза покрај изведбата на самите депонии според европски […]

Заев на брифинг со амбасадорите од ЕУ: Приоритет на Владата се процесите за приклучување кон ЕУ

3 септември 2020

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Бујар Османи министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ министер за правда и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на […]

Филипче: Пикот ќе биде на крајот на април со околу 2.000 пациенти, најголем проблем се заразените без симптоми

5 април 2020

Сѐ уште нема случај кога пациент кој бил на респиратор, а му се подобрила здравствената состојба и бил симнат од машина, рече денеска на брифинг со новинарите, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ. Таа, заедно со министрите Венко Филипче и Дамјан Манчевски, директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ, директорката на КАРИЛ Маја […]

Новиот клинички центар во Ѓорче Петров може да биде готов за четири години

9 февруари 2019

Новиот клинички центар, кој ќе се гради во Ѓорче Петров, би можело да биде готов за четири години, информира на денешниот брифинг со новинарите министерот за здравство, Венко Филипче. – Иницијативата за локацијата во Ѓорче Петров ја даде пратеникот Илија Димовски. Општината достави елаборат, врз основа на што Владата одлучи дека таму ќе се гради. […]

Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО

15 ноември 2018

Денеска во Владата, на покана на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржал брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Македонија. „Брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на  Македонија во Северно-атлантската Алијанса и истиот имаше за цел амбасадорите на земјите […]

Џафери: Собранието мора да ја прекине лошата пракса на Иванов да не потпишува закони

29 јуни 2018

Доколку не го потпише и законот за ратификација на Договорот со Грција откако и по втор пат ќе биде изгласан со Собранието, претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе воведе лоша пракса на мешање на надлежностите на властите односно преземање на надлежностите кои му припаѓаат на Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери […]

Џафери: Упадот на 27 април е најлошото нешто што му се случило на Собранието

27 април 2018

Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам законот за јазиците во Службен весник без потписот на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Кога ќе оценам дека треба да се пушти, ќе го пуштам, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. – Доколку законот стапи во сила без потписот на Иванов, тоа […]

Ѕанакопулос: Атина направи отстапки, сега на ред е Скопје

25 април 2018

Во преговорите, грчката страна направи отстапки, сега е време и поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за постигнување договор, изјави портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, на редовниот брифинг со новинарите, пред почетокот на средбата во Виена. Запрашан што очекува Грција од денешните преговори меѓу Димитров, Коѕиас и […]

Законот за јазиците в понеделник се враќа пред пратениците

10 ноември 2017

Продолжението на дебатата за законот за употреба на јазиците в понеделник ќе се најде на дневен ред на пленарна седнца во Собранието, информираше денеска на брифинг за новинарите претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери. Според него, дебатата за овој закон би требало да трае до крајот на следната недела, доколку во меѓувреме не стигне предлогот […]

Џафери: Обврска на партиите е да најдат консензус за нов датум за локалните избори

12 мај 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинари истакна дека политичките партии мораат да најдат заедничко решение и да се договорат за нов датум за одржување на локалните избори, пред тој да свика седница на која ќе се измени Изборниот законик. Иако претходно Џафери рече дека на првата наредна седница ќе се формира владата, тој […]

Коѕиас и Попоски на Малта разговарале за ситуацијата во Македонија

29 април 2017

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, вчера во Валета се сретнал со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Грчкото Министерство за надворешни работи информира дека двајцата министри оствариле средба на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржи вчера на Малта, само еден ден по насилните инциденти […]

Врховниот суд и утре ќе расправа дали „бомбите“ може да се користат како доказ

26 април 2017

Врховниот суд на Република Македонија на денешната седница не донесе одлука дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во судска постапка и со расправа ќе продолжи утре во 9.30 часот. По двочасовната денешна седница, оттаму соопштија дека расправата по двете точки сè уште не е завршена и најавија нејзино продолжување утре, по што […]

Вангеловски најавува дека на новата влада ќе ѝ поднесе пакет барања за реформи во судството

24 март 2017

Врховниот суд до новата влада ќе поднесе пакет барања за измени на дел од законите што се однесуваат на судството, рекол денеска новиот претседател на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на брифинг со новинарите, пренесува „Телма“. Како што најавил Вангеловски, ќе бидат иницирани измени на Законот за судовите, Законот за одмерување на казните, Законот за […]

„Трезор“ го разбуди Зврлевски: Обвинителството денеска ќе брифира за Коста Крпач

29 септември 2016

Денеска, во 12 часот, Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски ќе одржи „тематски брифинг“ со новинарите, на кој ќе се зборува за случајот со Коста Крпач. Вчера СЈО ја обелодени истрагата за злоупотреба на средствата од државниот буџет преку фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, чиј сопственик во еден период бил Коста Крпач. Тој подоцна се јавува […]

САД особено ја ценат врската со Турција

18 јули 2016

САД особено ја ценат врската со својот НАТО-сојузник, Турција и ги повикуваат сите страни да покажат воздржаност и да постапуваат во рамките на владеење на правото, по неуспешниот обид од државен удар во таа земја, соопшти Белата куќа. – САД силно ја поддржуваат демократски избраната влада на Турција и демократските институции на таа земја – изјави портпаролот […]

СВР Скопје: Вчеравечер беше мирно како ниту една друга ноќ во минатата година

1 јануари 2015

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ била на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта поминала со многу помалку инциденти и случувања од која било друга вечер во годината, соопшти новиот началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски, на денешната информативна средба со министерката Гордана […]

Страна 1 од 1