fbpx

Речиси 18 отсто од смртните случаи во државата се последица на аерозагадувањето

Согласно наодите во извештајот на ИЈЗ, проценето е дека 195 смртни случаи заради исхемична срцева болест (ИСБ), се припишуваат на тековното ниво на аерозагадување, што претставува 18,1 отсто од вкупната смртност заради ИСБ во Македонија

-

Во Македонија годишно има 3.828 смртни случаи кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички, што е 17.7 отсто од вкупната смртност во државата, наведено е во најновиот извештај насловен „Аерозагадувањето во Р.С. Македонија и ризици по здравјето“, кој го подготвила доц. д-р Мирјана Димовска, раководителка на одделението за безбедност на вода, санитација на животна средина и здравствена екотоксикологија, при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Согласно наодите во извештајот, проценето е дека 195 смртни случаи заради исхемична срцева болест (ИСБ), се припишуваат на тековното ниво на аерозагадување, што претставува 18,1 отсто од вкупната смртност заради ИСБ во Македонија. Во однос на мозочниот удар како селектиран здравствен исход, дури 378 смртни случаи годишно можат да се припишат на аерозагадувањето.

Доц. д-р Мирјана Димовска, Институт за јавно здравје | Фото: Мета.мк

„Загадувањето на воздухот се смета за најголема еколошка закана по здравјето на луѓето во светот, со седум милиони смртни случаи ширум светот секоја година. Загадувањето на воздухот предизвикува и влошува голем број на болести, почнувајќи од астма до рак, белодробни заболувања и срцеви заболувања. Загадувањето на амбиентниот воздух и честичките, една од главните компоненти на загадениот воздух, се класифицирани како канцерогени за луѓето од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот“, вели д-р Димовска.

Во европскиот регион, речиси секој поединец е погоден од загадениот воздух, при што над 90 отсто од граѓаните се изложени на годишни нивоа на ситни, лебдечки честички во амбиентниот воздух кои се над граничните вредности од Упатството на СЗО за квалитетот на воздухот.

„Луѓето во Македонија и воопшто луѓето од Балканот и Источна Европа, дишат потоксичен воздух загаден со суспендирани честички во однос на нивните соседи во Западна Европа. Балканскиот регион е дом на многу единици со јаглен и лигнит како и на 7 од десетте најзагадувачки електрани со јаглен во Европа. Девет од десет луѓе дишат воздух што ги надминува упатствата на СЗО што содржат високо ниво на загадувачи, земјите со низок и среден приход страдаат од најголема изложеност. СЗО тврди дека 56 отсто од градовите во земјите со високи примања не ги исполнуваат упатствата за квалитет на воздухот“, додава докторката.

Таа објаснува дека само ПМ2,5 честиките и поситните од нив, можат да продрат преку белите дробови, кои се влезна врата за нив, и затоа првите ефекти се кашлање, стегање во градите, недостиг на воздух.

„Тие, навлегувајќи во системската циркулација, потоа буквално навлегуваат и ги напаѓаат сите ткива и органи. Најмногу страдаат крвните садови, посебно оние на срцето и мозокот, но исто така и периферните крвни садови. Затоа нашите препораки за ризичните групи население сите прошетки и набавки да не ги прават кога воздухот е загаден“, појаснува д-р Димовска.

Како да се заштитиме? На ова прашање таа препорачува задолжително да го проверуваме индексот за квалитет на воздухот пред да излеземе, да носиме маска, но не хируршка, бидејќи таа не штити од ситните ПМ-2,5 честички туку само од покрупните од нив.

„Треба да се користи ФФП2 или КН95 маска, но многу важно е и маската правилно да се носи, бидејќи и кога би ја носеле најдобрата маска, залудно би било ако не ви е наместена како што треба на носот и устата, при што и штетните честички ќе навлезат во дишните патишта при секое ваше вдишување“, појаснува д-р Димовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...