ИЈЗ: Одморајте, разладете се, не пијте вода со мраз

На одмор заминете со сет за прва помош, лекови за хронична терапија (доколку има), антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми., како и со средства кои одбиваат комарци 

-

Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки. Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор и носете широка, лесна и памучна облека со светла/бела боја. Ова се некои од јавно-здравствените препораки на Институтот за јавно здравје за летни патувања.

„Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 часот. Одмарајте често и обидете се да останете во сенка кога сте на отворено.
Ако правите напорни активности на топло, како што се планинарење или возење велосипед, обидете се да се прилагодите на надворешната температура пред таа активност со вежбање 1 час дневно на топло. Ако сте во затворен простор со вклучено ладење од клима уредот, пред да излезете надвор во топла средина исклучете ја климата барем половина час пред тоа, за да полесно се адаптирате на темепературната разлика“, пишува во препораките.

Фото: ИЈЗ

Оттаму велат дека топлото време често значи поголем ризик од болести поврзани со топлина, повеќе активности на отворено и повеќе убоди од инсекти.

„Информирајте се (Интернет, агенции, лични познанства и сл.) за општата здравствената состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето во кое планирате да патувате. Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија (на пр. лекови за маларија) и/или вакцинација (на пр. против жолта треска) во подрачјето во кое планирате да патувате. Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, посебено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате“, се додава во препораките.

На одмор се заминува, додаваат оттаму, со сет за прва помош, лекови за хронична терапија (доколку има), антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми.

„Покрај овие, задолжително понесете средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка“, објави ИЈЗ.

Во врска со заштитата од убоди, оттаму препорачуваат користење репеленти (средства кој одбиваат комарци) за тропски области, на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците (очи, нос, уста), дење и ноќе, внатре и на отворено.

„Облеката што ја носите треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици. Имајте на ум дека комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со Зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер. Користете заштитни мрежи. Ако за време на патувањето развиете треска (38°С и повеќе) или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат“, потенцираат во ИЈЗ.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...