Јавен превоз во Скопје утре ќе има до 9 часот, вработените во ЈСП одат на протест

Вработените во ЈСП Скопје ќе протестираат пред Град Скопје, додека се одржува вонредната седница на Советот на Град Скопје каде што треба да се одлучува дали претпријатието ќе добие субвенции

-

Автобусите на ЈСП утре ќе вршат превоз на патници од 4.30 до 9 часот изутрина, а од 10.30 часот вработените ќе заминат на протест пред Град Скопје, додека се одржува вонредната седница на Советот на Град Скопје каде што треба да се одлучува дали претпријатието ќе добие субвенции.

Автобусите на ЈСП ќе бидат паркирани во базите на претпријатието во Автокоманда и во Ѓорче Петров.

„Вработените во ЈСП Скопје имаат срце и душа да им излезат во пресрет на граѓаните на Скопје, на болните лица, децата, вработените за да може да стигнат на своите работни места. Меѓутоа во 9 часот сите автобуси се повлекуваат во базите. Во 10:30 часот вработените на ЈСП ќе бидат пред Собранието на Град Скопје каде во 11 часот почнува вонредната седница на советот околу субвенционирањето на јавното претпријатие“, рече претседателот на Синдикатот Миќо Стојановски, додавајќи дека зависно од епилогот од седницата на Советот ќе зависи дали автобусите на ЈСП ќе продолжат да возат.

Тие бараат да им се исплати декемвриската плата и се надеваат дека вакви проблеми ќе нема во текот на годината, за да нема малтретирање на граѓаните.

Утре, на првиот ден од второто полугодие за учениците, како што велат од Синдикатот на ЈСП за подрачните училишта кои имаат договор со Претпријатието ќе биде обезбеден превоз, а ќе има комбиња и за лицата со посебни потреби.

ЈСП „Скопје“ не може да подели плата затоа што одлуката за доделување субвенции во висина од 11 милиони евра од Град Скопје не помина, бидејќи за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во четвртокот изјави дека очекува одговорност од Советот на Град Скопје, поради неисплатената декемвриска плата. Таа нагласи дека сите одлуки кои што се однесувале на редовното функционирање на ЈСП, а се поврзани со градскиот буџет, биле доставени до Советот и до претстедателот на Советот.

„Дури свикав и една итна седница, но тој со своето дискрециско право одлучи точките кои всушност беа најважни за претпријатијата на Град Скопје, да ги отстрани од дневниот ред. Побаравме нова вонредна седница, истата до овој момент не е свикана. Јас се надевам дека прво одговорност ќе понесат со функцијата што ја имаат, а доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна. Ние, од наша страна, направивме сѐ што можевме“, рече Арсовска.

Од понеделник ќе нема јавен превоз ако не се изгласаат субвенции за ЈСП

 

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...