вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈСП | 154 резултати

Ќе има ли Скопје целосно функционален јавен превоз за изборите во недела?

октомври 16, 2025

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска информираше дека поради прекинот на испораката на природен гас кон Македонија, може да се поремети возниот ред на автобусите. Според соопштението од ЈСП, државната компанија задолжена за испорака на гас, НОМАГАС ги информирала дека ќе има прекин на испораката до 17 октомври, што може да биде причина и за недостаток […]

Ќе има ли Скопје градски превоз, ЈСП вели автобусите возат без застој, Пуцко петрол се закани дека нема да доставува нафта

септември 23, 2025

Ќе има ли Скопје јавен превоз во текот на следните денови е главната дилема која ги мачи граѓаните кои ги следат препукувањата меѓу Градот Скопје и компанијата Пуцко петрол, која го снабдува ЈСП Скопје со гориво за ватобусите. „Граѓаните да не се грижат, возниот ред на ЈСП се одвива без застој, а автобусите редовно сообраќаат […]

Автобусите на ЈСП утре ќе возат по неделен, а од понеделник почнуваат по зимскиот возен ред

август 27, 2025

Автобусите на ЈСП Скопје од понеделник 1 септември, со стартот на новата училишна година, ќе почнат да возат по делничен зимски возен ред. Утре, на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, […]

Измама: ЈСП не нуди бесплатен превоз шест месеци за 120 денари

август 24, 2025

Страницата од која се споделува измамничката објава, не е официјалната страница на Фејсбук на Јавното сообраќајно претпријатие. Таа страница е создадена исклучиво за финансиска измама на граѓаните. Предупредување за измамата стигна и од самото скопско претпријатие, пишува „Вистиномер“ Во продолжение, ви ја пренесуваме анализата во целост: Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Бесплатен јавен превоз за жителите […]

Автобус на ЈСП се запали во движење, жената која го управувала е хоспитализирана на Токсикологија

јули 21, 2025

Утрово во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), информираат од Министерството за внатрешни работи. Со автобусот управувала С.Б., која успеала да го изгасне огнот. Потоа, таа била пренесена на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во […]

Бесплатен превоз за средношколците за време на летниот распуст

јуни 10, 2025

Средношколците од Скопје и ова лето ќе имаат можност да го користат јавниот превоз бесплатно за време на летниот распуст. Како што информираат надлежните, оваа поволност е предвидена со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование за 2025 година. „Со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје […]

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

февруари 7, 2025

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од Центар до општина Аеродром, неколку машки малолетни лица ја вознемирувале […]

По два месеци чекање пуштени во употреба шесте нови еко-автобуси, донација од ЕУ

февруари 3, 2025

Шесте нови еко автобуси кои град Скопје ги доби како донација од ЕУ, а кои помпезно и пред многу политичари и медиуми беа промовирани на 26 ноември 2024 г., од денеска конечно се пуштени во употреба. Цели два месеци и една недела откако беа предадени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), тие почнаа да […]

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

јануари 17, 2025

Безмалку два месеци поминаа откако во депото на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, пред десетици новинарски екипи и многубројни политичари, беа промовирани шест еко-автобуси кои се донација од Европската Унија. И покрај тоа што помина толку време, скопјани сè уште не се возат во нив, иако директорот Драги Кушовски на настанот на 26 ноември, кажа дека […]

(ГАЛЕРИЈА) Донација од ЕУ за Скопје: Огромен медиумски и политички интерес за шест автобуси на метан

ноември 26, 2024

Шест еколошки автобуси кои ќе возат на метан доби денеска градот Скопје односно Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП – Скопје), како донација од Европската Унија, преку проектот „ЕУ за чист воздух“. На денешниот настан организиран по повод примопредавањето на шесте возилата во дирекцијата на ЈСП, имаше огромен интерес од медиумите но и од политичарите. Автобусите нема […]

Жителите на Шутка на протест: 730 дена немаме јавен превоз

ноември 22, 2024

„Koга чисти автобуси во Шуто Оризари?“, „Зошто автобусите на ЈСП ги нема во Шуто Оризари?“, „Не сме само бројка за избори“, „Што уште треба да се случи за да дадете оставка Данела Арсовска?“… Ова се само дел од транспарентите со кои денеска повеќе од 200 жители на Шуто Оризари, заедно со десетина студенти и средношколци […]

ЈСП ќе користи државна нафта за да може да функционира, одлучи Владата

ноември 21, 2024

Во Владата денеска вонредно се расправало за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што била констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие. На состанокот било констатирано дека постои криза во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, па Владата […]

Расправијата меѓу градоначалничката Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го парализираше Скопје

ноември 20, 2024

Свирежи од возила и пцовки, возење низ тротоари и преку тревни површини, нервозни возачи кои прават куп сообраќајни прекршоци, возила на Брза помош со вклучени ротациони светла кои нема шанси да се пробијат низ хаосот. Ваква е сликата попладнево во центарот на Скопје, но и во околните општини во метрополата, откако најголем дел од автобусите […]

Студентите на УМТ мака мачат поради политичките инаети на властите

ноември 13, 2024

За повеќе од 90 студенти, станари на студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, нема директна автобуска линија до кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Тие се принудени да користат линии кои се нередовни и со кои нивното патување станува предолго. Понекогаш воопшто и нема автобус и се принудени да пешачат или да дадат големи пари за такси. […]

ЈСП не нуди едногодишен превоз за 1,99 евра

ноември 2, 2024

За измамата да биде поуверлива, се објавуваат и висококвалитетни фотографии од градските автобуси, фалсификувано е логото на електронската картичка „Скопска“ и се добива лажен впечаток дека само за 1,99 евра ќе добиете градски превоз во текот на целата година. Измамата е споделена непосредно пред да почне новата учебна година кога има голема фреквенција во градскиот […]

Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје

октомври 6, 2024

Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето кои денеска ги најави министерот за животна средина, Изет Меџити. Тој посочи дека проблемот не може да се реши само со една мерка, туку на него […]

Утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

август 27, 2024

Јавното сообраќајно претпријатие ги известува патниците дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), утре ќе се работи по неделен возен ред. „Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Утре […]

JСП го надградува системот за локација на возила

август 21, 2024

Во тек е надградба на системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот со софтверската компанија „Аитоникс Македонија“, информираат во претпријатието. „Надградбата се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила […]

Со лажна бесплатна „Скопска“ ловат лични податоци на граѓани

август 21, 2024

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје, реагираат денеска оттаму. „Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на […]

Жителите на Шуто Оризари оставени на немилост: Нема автобуси по 10 часот

јули 22, 2024

Нема редовен јавен превоз во општината Шуто Оризари, во која според последниот попис, живеат повеќе од 25.000 жители. Граѓаните се принудени секој ден да се организираат во групи и да користат превоз со приватни автомобили на превозници, за што плаќаат по 50 или 100 денари во еден правец, зависно од тоа до каде се возат. […]

Страна 1 од 8