fbpx

Јавен градски превоз во Скопје нема да има ако Советот на Град Скопје донесе несоодветна одлука за субвенции

Ако парцијално биде донесена одлука, или пак одлука месец за месец, што на вработените не им одговара, затоа што се ближат избори кога нема да може да се донесуваат одлуки, тогаш јавниот градски превоз во идниот период ќе биден блокиран и нема да се одвива на улиците на Град Скопје, вели претседателот на Синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски

-

Граѓаните на Скопје утринава само до 9 часот можеа да го користат јавниот градски превоз, а потоа секој се снаоѓаше како стигне за да стигне до работното место или пак до друга дестинација.

Синдикатот на ЈСП во 10.30 часот се собра пред Град Скопје каде што се одржува вонредната седница на која треба да се одлучи дали на ЈСП Скопје ќе му бидат доделени субвенции.

Претседателот на Синдикатот, Миќо Стојановски, вели дека ако Советот донесе парцијална одлука или пак одлука која не е во корист на вработените, во иднина јавен градски превоз нема да има.

„Од 4.40 до 9 часот денеска јавниот градски превоз функционираше нормално. Како ќе функционира понатаму зависи од денешната седница, четврта по ред на која не се гласа за субвенциите на ЈСП и нашата судбина за 2024 година“, рече Стојановски.

Токму затоа, вели тој, се собрале за да извршат притисок врз советниците на Град Скопје, кои „веќе неколку месеци ескивираат и не ја носат одлуката за субвенционирање на буџетот“.

„Ако денеска седницата денеска заврши онака како што вработените и синдикатите сакаат, тогаш во вечерните часови и попладневниот термин, јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Ако парцијално биде донесена одлука, или пак одлука месец за месец, што на вработените не им одговара, затоа што се ближат избори кога нема да може да се донесуваат одлуки, тогаш јавниот градски превоз во идниот период ќе биден блокиран и нема да се одвива на улиците на Град Скопје“, рече Стојановски.

ЈСП „Скопје“ не може да подели плата, затоа што одлуката за доделување субвенции во висина од 11 милиони евра од Град Скопје не помина, бидејќи за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во четвртокот изјави дека очекува одговорност од Советот на Град Скопје за неисплатената декемвриска плата. Таа нагласи дека сите одлуки кои што се однесувале на редовното функционирање на ЈСП, а се поврзани со градскиот буџет, биле доставени до Советот и до претседателот на Советот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...