Диабло 4 – сезона 3 излегува утре. За жал, таа веќе доби лоши реакции од гејмери што ги видоа трејлерите.
Главните коментари се дека дизајнот на екслузивните скинови за оружја, оклопи и коњи е лошо направен, односно се препознава таканаречен „ре-скин“ на претходни скинови (малку изменети постоечки скинови), со стимпанк и сајберпанк елементи.
Гејмерите сметаат дека за парите што ги бараат Близард за играта, ова е речиси нула напор за сработување… Исто така, овојпат, за разлика од другите игри со „батлпас“, не можете да добиете доволно од валутата „платинум“ за да ја отклучите следната сезона, што е уште еден фактор што многу ги изнервира гејмерите кои драстично губат интерес за Диабло 4.
Ова е изгледот на новите скинови:
Како што објавија, а и како што беше најавено на Battle.net – Deep Dive („Длабоко нурнување во новите содржини”), во 7 минути се сублимираат сите карактеристики во новата сезона на „конструктот“.
Во подлошката има антички волшебник што прави машини што им помагаат на луѓето, но неговите зандани со експерименти – што се мешавина од магија и технологија – се опседнати од демонски сили, чијшто главен предводник е демон пратен од Диабло.
Среќавате старец што Ви го дава клучот со камења и симболи на моќ со коишто ќе активирате машина што може да ги контролира другите. Таа наликува на спој на механички пајак и скорпија од метал, односно е роботче што Ви станува придружник, а во него може да ставате камења со рунски симболи за да придобиете различни способности или орудија: штит против проектили, горење со зрак од оган што се префла од противник на противник – при што, со камењата што ќе ги поставите, може да правите комбинации со различни елементи кои кореспондираат и се надополнуваат. Исто така има заклучени сефови (што се практично повторно зандани за „грајнд“) каде може да најдете уште повеќе технологија, односно гореспоменатите камења на моќ и се борите против други конструкти.
Гејмерите реагираат и дека воведувањето машини и роботи во средновековна фантазија само ја расипува „атмосферата“, а роботите во Диабло 4 – Сезона 3, потсетуваат на конструктите од Скајрим во нивоата џуџињата, наречени Двемер Аутоматони и на Клокворк конструктите во Guild Wars 2.
Секако и во WoW го има овој фактор со инженери, но таму е и со комична и со практична нота, па не смета толку многу. Но во Диабло 4 некако навистина негативно влијае на основнaта атмосфера, по којашто всушност е Диабло прочуена меѓу игрите, односно мрачна фантастика во средновековен сетин,г со драстични хорор ефекти и препознатлива музика.
Секако, мора да се земе предвид дека сето ова е имагинарно.
Последниот главен лик е робот -конструкт што опседнат од моќен бестелесен демон, а има центар за сите машини наречен Loom (разбој).
Последен пат овој термин, но овојпат за патување низ време и мултиверзуми, беше употребен во ултрапопуларната серија ЛОКИ од Марвел, што беше последното нешто најдобро излезено во „Марвел Универзумот” – секако, ако се изземе филмот “Thor Love and Thunder”.
Сѐ во сѐ, гејмерите низ светот се повеќе разочарани отколку среќни со новата верзија Диабло 4 – Сезона 3 и велат дека во иднина не би брцнале в џеб за нешто како Сезона 3…