понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: градски превоз | 18 резултати

Јавен градски превоз во Скопје нема да има ако Советот на Град Скопје донесе несоодветна одлука за субвенции

јануари 22, 2024

Граѓаните на Скопје утринава само до 9 часот можеа да го користат јавниот градски превоз, а потоа секој се снаоѓаше како стигне за да стигне до работното место или пак до друга дестинација. Синдикатот на ЈСП во 10.30 часот се собра пред Град Скопје каде што се одржува вонредната седница на која треба да се […]

Автобусите во Скопје од утре до понеделник по неделен зимски возен ред

јануари 5, 2024

За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП. Од вторник (9 јануари), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. На 7 […]

Контраспин: Инсистирањето дека Ковачевски „признал“ тајна коалиција со Арсовска е класичен спин

декември 5, 2022

Анализата на кажаното од Ковачевски и како тоа се претставува во комуникацијата со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини претставници, несомнено покажува дека се спинува кога се тврди дека Ковачевски сам признал дека имал средби со Арсовска во Владата, од што се вади заклучок според кој „признал дека постои тајна коалиција“ СДСМ-Арсовска, пишува „Вистиномер“ […]

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе блокираат дел од Скопје

ноември 27, 2022

Приватните автобуски превозници најавија дека утре ќе го блокираат сообраќајот со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица на крстосницата кај „Мавровка“, на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Протестот и блокадата, како што најавуваат од автобускиот превозник „Слобода превоз“, ќе траат до исполнување на барањата кои превозниците ги имаат до Градот […]

Автобуските постојки во Тетово немаат столчиња, граѓаните импровизираат поставувајќи мебел од дома (ВИДЕО)

септември 13, 2022

Тетовските автобуси по многу пречки и одложувања сега сообраќаат низ градот, а бројот на граѓани кои ги користат се зголемува редовно. Меѓутоа, граѓаните ги чекаат автобусите на нозе, бидејќи на постојките нема столчиња, пишува Порталб.мк. На некои станици, како на пример кај постојката во близина на тетовскиот Суд, граѓаните често самоиницијативно поставуваат столчиња од домашниот […]

ЈСП: Пензионерите од петок повторно ќе се возат бесплатно

март 23, 2022

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје соопшти дека од петок (25.03.2022) повторно започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица, односно жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години за деновите вторник, петок, сабота и недела. По укинувањето на можноста пензионерите бесплатно да користат јавен градски превоз четири денови во неделата […]

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

ноември 9, 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот […]

Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП

февруари 14, 2020

Министерката за финансии Ширет Елези информираше дека Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП. Преку 3,5 милиони евра од овој проект досега се доделени за капитални проекти во оваа општина за набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта, набавка на комунални возила, рече заменик министерката за […]

Електричен автобус ќе сообраќа шест месеци на линијата „15“ во Скопје

мај 4, 2018

Новиот електричен автобус, за кој Град Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со израелската компанија „Чериот Моторс“ за пробно користење, од денеска во наредните шест месеци ќе сообраќа на линијата „15“. – Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество […]

Јованоски: Во Прилеп работиме на сите полиња и на сите ветени проекти

април 27, 2018

Советот на Општина Прилеп работи непречено. Се донесуваат одлуки, се штитат интересите и потребите на граѓаните. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува голема работа, се подготвуваат проекти… Дали и како ќе гласаат, сепак, тоа е нивна одлука, секој треба да си ја понесе својата одговорност,  вели градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски во интервјуто за „Вистиномер“ […]

Шилегов: Градскиот превоз ќе биде бесплатен се до намалување на загадувањето

јануари 8, 2018

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека градскиот автобуски превоз ќе биде бесплатен се до намалување на загадувањето. Тој соопшти дека како дел од вонредните мерки што Град Скопје ги воведува за да се намали загадувањето ќе биде и прекинот на сите градежни активности на градилиштата, интензивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски […]

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски

декември 25, 2017

Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани и го товари за штетен договор за субвенционирање на градскиот превоз. Како што соопшти МВР, Димитровски од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот […]

Од утре, секој викенд на Водно без автомобили

ноември 24, 2017

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе викендов, соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според планот, забраната ќе биде од 9 до 16 часот, а ќе важи од клучката за Сопиште и од манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила за време на викендите и на државните празници, […]

Поради грипот, распустот на учениците продолжен до 23 јануари

јануари 12, 2017

Распустот за учениците ќе биде продолжен до 23 јануари, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година ќе почне на 23 јануари. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров, како една од мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава. Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна […]

Страна 1 од 1