fbpx

Контраспин: Инсистирањето дека Ковачевски „признал“ тајна коалиција со Арсовска е класичен спин

-

Анализата на кажаното од Ковачевски и како тоа се претставува во комуникацијата со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини претставници, несомнено покажува дека се спинува кога се тврди дека Ковачевски сам признал дека имал средби со Арсовска во Владата, од што се вади заклучок според кој „признал дека постои тајна коалиција“ СДСМ-Арсовска, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

ВМРО-ДПМНЕ и нејзини функционери на 01 и 02.12. 2022 комуницираат во јавноста преку класично извртување на зборови кажани од премиерот Димитар Ковачевски, а во врска со наводна коалиција меѓу СДСМ и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска:

Спин: (ВИДЕО) Ковачевски ја потврди коалицијата со Арсовска – СДС стои позади хаосот во Скопје, ги врзуваат тендери и матни зделки

Тајната коалиција Ковачевски – Арсовска излезе на површина. И самиот Ковачевски призна дека имал средби со Арсовска во Влада. СДС и Арсовска стојат позади целиот хаос во главниот град.

Ковачевски и Арсовска заедно се виновни за грабежот над скопјани кои здружно го прават. Нивната коалиција е само за бизнис зделки и тендери во четири очи….

…Оваа криминалната коалиција Арсовска/СДС создава хаос во градот и е на штета на сите граѓани…(https://fb.watch/h9nRi4ujjL/)

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Соопштение/веб – датум: 02.12.2022]

 

Спин: Одговорни за хаосот во градот се неспособноста и тендер интересите на тајната коалиција Арсовски и Ковачевски која што вчера беше признаена во изјава на Ковачевски и тајните средби кои што ги имал со Арсовска.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – веб/изјава од Н. Стоилковски – датум: 02.12.2022]

 

Контраспин: ВМРО – ДПМНЕ, нејзиниот портпарол, но и Претседателот на Совет на Град Скопје, преку извртување на зборови и манипулирајќи го контекстот, комуницираат со јавноста со тврдење дека имало коалиција меѓу СДСМ и градоначалничката Арсовска и дека таа „тајна коалиција“ е причината за хаосот во град Скопје. Згора на се, со тврдење дека Ковачевски сам го признал тоа.

Станува збор за класичен спин, а еве и зошто. На вчерашната прес конференција 01.12.2022, каде беше претставен концептот за даночните реформи во 2023 година, премиерот Ковачевски при крајот беше запрашан „дали може да ги потврди или негира шпекулациите во јавноста дали се сретнал со градоначалничката на Скопје“ Данела Арсовска (1:34:06 од видеото), премиерот одговори:

Со градоначалничката на Скопје сум имал состанок во функција на Претседател на ЗЕЛС (Арсовска –н.з.), тука во владата, на кој што состанок присуствувале и членовите на УО на ЗЕЛС и таму разговаравме за сите отворени прашања и проблеми, кои што во екот на енергетската криза ги имаа општините. И врз основа на тој состанок Владата донесе одлука мерните пумпи за водоводите во сите општини кои што се (ги-н.з.) снабдуваат со вода сите општини преку пумпни станици, да бидат ставени на снабдување на електрична енергија преку ЕСМ продажба и тоа по цена од 95 евра за мегават час… (од 1:34:15 од видеото)

Понатаму, до крај на прес конференција Ковачевски уште неколку минути зборуваше за состанокот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со Арсовска и за советите што му ги дал, за веста дека имал „тајна средба“ што се појави во ноември, од каде произлезе и прашањето на новинарката, за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска во Скопје, итн….

Средбата на Ковачевски со Арсовска и со УО на ЗЕЛС навистина била јавна и се одржала на 30.03.2022. Впрочем детално за тоа информира и потврдува и самата ЗЕЛС на нивната веб страница и во нивното гласило, но и Владата што може да се види од соопштението издадено тој ден и фотографиите нa еден од каналите каде што објавува Владата.

До оваа средба дојде по барање и инсистирање на ЗЕЛС (види и ТУКА), веднаш штом општините се соочија со растечките цени на енергија во декември 2021 и јануари 2022 година, но особено по започнувањето на војната во Украина на 24.02.2022 година.

Како резултат на таа средба, нешто повеќе од 6 месеци подоцна, на почетокот на ноември, Владата ја носи одуката за субвенција на цената на електричната енергија на повеќе субјекти, меѓу кои и на Водостопанство, односно и на пумпните станици за општините, што беше соопштено во медиумите.

Оттогаш Ковачевски и Арсовска имаат уште една средба на прославата на 50 години од ЗЕЛС.

Имајќи предвид што точно е изјавено на вчерашната прес конференција во Влада и како се извртуваат зборовите на Ковачевски и преку монтирано видео и преку извртувања што ги прават и портпаролот, но и претседателот на Советот на Град Скопје, во делот за „тајната средба“, може да се констатира дека станува збор за спин.

Пишува: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...