fbpx

Автобуските постојки во Тетово немаат столчиња, граѓаните импровизираат поставувајќи мебел од дома (ВИДЕО)

-

Тетовските автобуси по многу пречки и одложувања сега сообраќаат низ градот, а бројот на граѓани кои ги користат се зголемува редовно. Меѓутоа, граѓаните ги чекаат автобусите на нозе, бидејќи на постојките нема столчиња, пишува Порталб.мк.

На некои станици, како на пример кај постојката во близина на тетовскиот Суд, граѓаните често самоиницијативно поставуваат столчиња од домашниот мебел.

Фото: Фисник Џелили/Порталб

Недостатокот на столчиња директно го чувствуваат постарите, но и другите граѓани што имаат проблеми со стоењето.

Од Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ велат дека се уште не се надлежни за овој дел, бидејќи автобуските постојки се во сопственост на општина Тетово.

По преземање на постојките во сопственост на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ – Тетово, прва работа ќе биде поставувањето столчиња во постојките“, велат од претпријатието.

Од друга страна, во Општината штотуку е конституиран новиот совет, чиј приоритет, како што изјави претседавачот на новиот совет, ќе биде ребаланс на буџетот, квартални извештаи и извештаи од претпријатијата.

Потсетуваме дека деветте автобуски постојки сѐ уште не се користат правилно, иако секоја од нив чинеше 4.524 евра, а пред околу една година беа заменети со нови стаклени, но сѐ уште нема седишта за патници.

Инаку, автобусите уште сообраќаат според летниот распоред.

Автор: Фисник Џелили

 

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...