fbpx

Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП

-

Министерката за финансии Ширет Елези информираше дека Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП.

Преку 3,5 милиони евра од овој проект досега се доделени за капитални проекти во оваа општина за набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта, набавка на комунални возила, рече заменик министерката за финансии Ширет Елези на настанот по повод почетокот на градба на нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, на кој присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

Како што посочи Елези преку проектот МСИП се доделени 990.000 евра за изградба на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ од што директна корист ќе имаат 11.000 жители во општината, но ќе биде и од големо значење за сите граѓани во општината.

– Со изградбата на овој дел од булеварот, кој инаку служи за влез и излез од Тетово кон Гостивар и кон граничниот премин Јажинце, и е една од најфрекфентните улици, ќе придонесе за развој на градскиот транспортен систем во општината, за заштита на животната средина преку намалување на штетните емисии, бучавата и енергетската ефикасност, придонесувајќи кон економскиот развој преку движење и пристап до сите делови на градот – рече Елези.

Заменик министерката за финансии најави и дека преку проектот Тетово ќе набави автобуси за градски превоз.

– Преку Проектот за подобрување на општински услуги МСИП на Министерството за финансии, општина Тетово ќе набави пет автобуси за јавен транспорт. Ова е навистина голем проект од околу 1.100.000 евра со кој ќе се воспостави јавен превоз во градот. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, што ќе влијае и на намалување на загадување на воздухот. Корисници од имплементацијата на овој проект се сите жители на општина Тетово, особено сите граѓаните кои живеат или работат во градот Тетово – додаде Елези.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...