fbpx

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз низ целата земја.

Изречените казни се во согласност со Законот за возила, при што глоба од 400 евра му се изрекува на возачот кој што управува со возило кое не ги исполнува пропишаните барања на уредот за поврзување на влечното и приклучното возило, системот за управување, системот за кочење и пневматиците. За правните лица, казната е во износ од 2.000 евра доколку на патиштата сообраќаат возила кои не ги исполнуваат условите за техничка исправност, а постои и глоба од 500 евра за одговорното лице во компанијата за сторениот прекршок. МВР изрекува и казни од 120 евра во денарска противвредност на возачот, којшто во сообраќајот управува возило што нема пропишани системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, или доколку тие не се исправни.

Акциската контрола на МВР врз возилата со кои се врши превоз на патници доаѓа во период кога новинската агенција „Мета.мк“ во континуитет пишува за состојбата со возниот парк во јавниот превоз. Имено, последните податоци на Царинската управа на РСМ покажуваат дека од јануари до септември годинава во земјава биле увезени 108 половни автобуси и минибуси, наспроти 38 нови автобуси и минибуси, вбројувајќи ги тука и еколошките автобуси што пролетва пристигнаа за ЈСП-Скопје.

Со години наназад во земјава се увезуваат неколкукратно повеќе половни автобуси во споредба со нови, кои пред да дојдат во земјава изминале огромен број километри во движење со претходните сопственици. Просечната старост на автобусите лани во земјава изнесувала 18,1 година.

Експертите за „Мета.мк“ веќе посочија дека просечната старост на возилата е еден параметар за безбедноста на возилата со кои се врши превоз на патници, но подеднакво важно е како се одржуваат возилата, какви резервни делови се вградуваат, како е организирана и како се контролира експлоатацијата на возилата. Овие параметри се екстремно важни кај возилата со просечна старост од 18 години, бидејќи на таа старост на возилата и поминатиот пат за тој период, вообичаено доведуваат до сериозна деградација на системите кај возилата, кои ако не се одржуваат соодветно, можат сериозно да ја нарушат безбедноста на истите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...