Глобал Гејм Џем Скопје годинава ќе започне на 24 јануари

На настанот ќе се натпреваруваат учесниците во креирањето видео игри во краток временски рок

Глобал Гејм Џем Скопје 2024 -слика од главниот сајт за настанот

Повторно се организира најновото издание на Глобал Гејм Џем Скопје 2024, настан на кој младите гејмери и идните професионални програмери се натпреваруваат во креирањето на видео игри за краткото време додека трае настанот. Овде може да се најде официјалната најава на организаторите.

Во рамки на настанот е предвидена е и конференција предводена од девелопери на која идните програмери на игри можат да стекнат знаења наречена “Мини Гејм Џем Конференцииче”, која ќе трае од 24 до 26 јануари во просторијата Base42.

Главниот настан почнува потоа на 26 јануари во 20:00 часот и ќе биде модериран од ментори од гејминг заедницата „Galactic Omnivore“, кои ќе помагаат околу формирање на тимови и организација за откриената тема на настанот, за која ќе се сработуваат игри. 

Ќе бидат обезбедени храна и пијалаци, простор за престој, а малолетните лица ќе треба да имаат потврда за одобрување на присуство од родител или старател. 

Може да се пријавите на следниот линк. Влезницата за учество чини 300 денари..

Се надеваме дека и годинава креативноста на дизајнерите на видео игри ќе се истакне до нивниот максимален потенцијал. Видео игрите инспирирале многу луѓе и воопшто да се занимаваат со информатика и секако истите најмногу иницијално сакале да создаваат свои игри.