fbpx

За два месеци, удвоен бројот на случаи на грип

Институтот информира и за едно починато лице од грип, на 71 годишна возраст од Штип, кое имало коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)

-

Во период од два месеци, двојно се зголемил бројот на лица заболени од грип односно заболувања слични на грип, пишува во последниот извештај кој го објави Институтот за јавно здравје. Така, во октомври, биле регистрирани 196 случаи на грип, во ноември овој број бил 268, а во тековниов месец вкупниот број на грипозни е 426. Освен тоа, регистрирани се четири позитивни случаи ковид-19, а дополнително, регистрирани се и 103 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV).

„Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 410 случаи, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до 4 години“, наведено е во извештајот.

Во него пишува дека резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има локална активност на вирусот на грип во текот на изминатите 12 недели на надзор.

„За прв пат оваа сезона, процентот на позитивност надмина 10 отсто. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има регионална раширеност и низок интензитет на активноста на вирусот на грип“, се додава во извештајот.

Институтот информира и за едно починато лице од грип, на 71 годишна возраст од Штип, кое имало коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1).

Во врска со вакинацијата против сезонски грип, ИЈЗ информира дека вакцинирани се вкупно 60.511 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство има обезбедено бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација. Вакцинацијата се спроведува во центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и/или здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 58.235 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...