Испробајте ja бесплатната демо верзија на играта „Најтс ин тајт спејсес“

Борбата изобилува со атрактивни движења кои се позајмени од боречки вештини и филмови, а кога ја играте, се справувате со скелети, и волшебници

По светскиот успех на играта „Фајтс ин тајт спејсес“ („Fights in tight spaces“), излезе и втор дел наречен „Најтс ин тајт спејсес“ („Knights in tight spaces“). За оваа игра моментално има бесплатна демо верзија на Steam.

Играта е тактичка, а борбите се слични на „Heroes of Might and Magic“ серијалот, како и на серијалот игри „Banner Saga“. Борбата изобилува со атрактивни движења кои се позајмени од боречки вештини и филмови, а кога ја играте се справувате со скелети,  волшебници и секакви непријатели.  

Погледнете го трејлерот за играта: 

Оваа игра е претендент да ја надмине популарноста на Darkest Dungeon што е слична игра од овој тип, но сепак анимираната акција и инвентивните краеви ја прават оваа игра позабавна. Првиот дел Fights in tight spaces преовладуваше со црно-бело и црвено (естетика објаснета во наш претходен напис), во новата верзија има повеќе различни бои на карактери што ги прави да личат на фигури за шах. 

Паролата на играта е „Get medieval”, фраза што ја популаризираше филмот Pulp Fiction на режисерот Квентин Тарантино. Демо верзијата за играта е бесплатна и забавна и затоа вреди да се испроба.