Нови предлози за платформски игри

Скриншот од играта AC Chronicles China
Фото: Ubisoft

3. Ghost and Goblins Resurrection 

Една од најпознатите игри за флипери и за компјутер има своја преработка, се работи за играта Ghosts and Goblins Resurrection која своевремено се сметаше за една од потешките игри за играње дека се гинеше од два удари, првиот удар од чудовиште ви го тргаше оклопот а вториот ве утепуваше, тоа беше слично како во Супер Марио игрите кога ќе изедете печурка па ве зголемува и од следниот удар повторно се смалувате. 

Играта Ghosts and Goblins беше предизвик и се вежбаше ниво по ниво со многу предетерминирани движења и удари. Играта e со витез што фрла бесконечно копја и е на задача да ја спаси принцезата од секакви чудовишта од ноќни мори. Но во Resurrected најновата верзија можете да ја подесувате играта да биде полесна или потешка и има многу нови опции кои го олеснуваат играњето за да можете да ја искусите целата приказна и сите нивоа наместо само континуирано да стигате до второ или трето ниво и да не напредувате понатаму колку и да ја вежбате играта- какво што беше искуството порано. Легендарна платформска игра што вреди да се испроба повторно.

2. Assassin’s Creed Chronicles: China 

Ако Assassin’s Creed серијалот има игра каде асасините преминуваат во нешто што наликува на нинџа засега насловот Assassin’s Creed Chronicles: China е најблиску до тоа. Ubisoft веројатно ја чуваат идејата за верзијата што фановите им ја бараат за да направат игра за Феудална Јапонија каде асасинот би бил нинџа -како “џокер во покер” за да ја направат ако драстично им паднат продажбите. Но во оваа игра дејството се одвива во Кина а не Јапонија. Повеќето гејмерски коментатори не ја сакаат атмосферата во играта и мислат дека приказната е многу неодредена, тоа е така затоа што не ја ценат доволно темата бидејќи оваа игра има уметнички стил многу сличен на стриповите и филмовите “Sin City” и “300” каде има приказна во црно-бело(или сиво-жолта) со изразена и додадена црвена боја  и механиките на интересен “gameplay” е тоа што ја одвојува како добра игра, со навистина инвентивни стелт комбинации за ослободување од непријатели додека “комбатот” кога сте приморани да се борите директно(а не со стелт) со меч се базира на блокирање, парирање и возвраќање удари -тактика што успева и во првите неколку Assassin’s Creed наслови што не се дел од платформските Chronicles наслови. Други две слични игри се  AC Chronicles Russia и AC Chronicles India но АC Chronicles China е најпопуларната.      

1. Inside

Inside е игра за момче кое се крие и бега од властите на дистописко општество каде се врши контролирање на умот на луѓето, атмосферата е направена како да се движите низ сон, нивоата се мрачни но и доволно добро сработени да ве внесат во играта. Момчето во своите патувања влегува во зграда во која има направа за контролирање на умот(која понатаму во играта и нема да му треба за да го прави тоа)  на други луѓе кои без тоа се неволни и само стојат наведнати напред. Момчето ги контролира при решавања на одредени загатки. Но целата приказна во својата симболика се одвива околу тоа мала група на луѓе или една личност очигледно имаат контрола над умовите на мнозинството, а луѓето се обесправени и лесно контролирани-како кометар за тоталитаризам во подконтекст. Самиот сетинг во играта потсетува на книгата “1984” од Џорџ Орвел или да речеме на филмот “Бразил” од Тери Гилијам. Играта има два впечатливи краеви од кои едниот неможе да се направи без дополнително истражување. Но и двата краја се импресивни.