fbpx

Русија потрошила 300 милиони долари во последните 8 години за да влијае на светската политика

-

Русија, користејќи тајни методи, од 2014 година потрошила повеќе од 300 милиони американски долари за своите обиди да влијае врз политичари и функционери во речиси 25 земји, соопшти Си-би-ес цитирајќи го Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи на САД).

Според наводите што се изнесени, а се повикуваат на нови разузнавачки извештаи за руските обиди за тајно влијание во поддршка на политички решенија и партии блиски до официјална Москва, не се откриваат точните чинители, но се вели дека САД ги доставува потребните информации до соодветните држави, односно државите во кои што се тие политичари и партии.

Во овој најнов чекор на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, да ги растајни разузнавачките податоци за политичките и воените цели на официјална Москва. Всушност, тоа е продолжение на, на крајот потврдените информации, за плановите на Москва да почне нова војна против Украина, пишува американската телевизија Си-би-ес.

Според објавата, висок функционер во американската влада одбил да каже колку точно пари Русија потрошила за војната против Украина, но се наведуваат споменувања за руско влијание во Албанија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

За разлика од искажаните напори на странски влади да лобираат за свои интереси, руското тајно дејствување вклучува користење на познати организации за да се насочат парите кон важните за Москва каузи или политичари, пренесува Си-би-ес. Во тој опсег се тинк-текови (аналитички организации) од Европа и од државни претпријатија од Централна Америка, Азија, Блискиот Исток и Северна Африка.

ИзворСи-би-ес

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...