fbpx

Нема докази дека синдромот од кој страда Џастин Бибер е поврзан со вакцината против ковид

-

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Различни експерти за проверувачите на факти на Ројтерс, потврдиле дека навистина имало испитувања за тоа дали има поврзаност меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцината против ковид-19, меѓутоа резултатите досега се инконклузивни. Друг професор од Квинс универзитетот додал дека било кое тврдење за поврзаност меѓу Рамзи Хант синдромот и вакцинацијата е шпекулација и најверојатно станува збор за коинциденција, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува текст во кој се вели дека по вакцината против ковид-19 пејачот Џастин Бибер развил парализа на лицето од која не може да закрепне и поради тоа ги откажува концертите. Синдромот од кој страда Џастин Бибер е Ремзи Хант синдромот, за кого во текстот во состав на постот што го рецензираме се вели дека е „наведен како еден од можните несакани ефекти од вакцинацијата“.

СÈ ЗАПОЧНА ПО BAKЦИHAЦИЈАТА!
ЏАСТИН БИБЕР ЈА ОТКАЖУВА ТУРНЕЈАТА ПОРАДИ ПАРАЛИЗА НА ЛИЦЕТО ОД КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПОРАВИ, пишува во објавата. 

Меѓутоа, ова според низа експерти, не е точно.

До денеска, не е утврдена дефинитивна поврзаност меѓу овој синдром и вакцинацијата против ковид 19, вели за Ројтерс Валед Јаваид, професор по медицина на одделот за инфективни болести на Икхан Универзитетот.

Различни експерти за проверувачите на факти на Ројтерс, потврдиле дека навистина имало испитувања за тоа дали има поврзаност меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцината против ковид-19, меѓутоа резултатите досега се инконклузивни. Друг професор од Квинс универзитетот додал дека било кое тврдење за поврзаност меѓу Рамзи Хант синдромот и вакцинацијата е шпекулација и најверојатно станува збор за коинциденција, односно дека синдромот кај некои лица може да се појави само временски по вакцинацијата, но неповрзано и непредизвикано со вакцинацијата.

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19, бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не  можеме да знаеме со сигурност ниту дали тој воопшто бил вакциниран. Само може да се претпостави дека е вакциниран пред концертите во февруари 2022 година, поради правилата на Светската здравствена организација за јавни настани. Дури и тоа да било случај, тој ги примил вакцините минатата година.

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Вирусот може да остане во телото цел живот, дури и ако сте се опоравиле од сипаниците, и може да се активира повторно и да ги иритира и воспали нервите во лицето. Според истражувачите, може да помине подолго време пред човек со овој синдром точно да биде дијагностициран. Њујорк Тајмс пишува дека повеќето луѓе кои го имаат синдромот целосно закрепнуваат, но не е познато колку долго ќе трае синдромот. Третманот вклучува земање антивирални лекови. Некои пациенти исто така земаат стероиди, или пак одат на физикална терапија.

Доктор Ана Валд, специјалист за инфективни болести од Универзитетот за медицина во Вашингтон, за Њујорк Тајмс вели дека нервите во лицето се сместени во канали кои се криви и коскести, и кога се воспалени, потекуваат и ја губат способноста да функционираат. Болеста подеднакво ги напаѓа и мажите и жените и резултира со парализа на едната страна од лицето и болно исфрлање на лицето. Почест синдромот е кај постарите, некои пациенти не можат да слушаат добро, или целосно го губат слухот на едното уво.

Само пет до десет лица на 100 илјади ќе развијат Рамзи Хант синдром секоја година, но може да му се случи на секого, вели доктор Валед Јаваид, директор за инфективна превенција и контрола за Њујорк Тајмс.

Според експерти од Meedan Health Desk, група на научници од областа на јавното здравство кои работат на побивање дезинформации, има неколку извештаи за случаи за индивидуи кои развиле Ремзи Хант синдром по примена вакцина против ковид-19. Најпроминентниот случај е од Универзитетот во Хонг Конг во 2021 година за искуството на 37-годишен човек дијагностициран со овој синдром, два дена откако ја примил вакцината на Фајзер.

Оскар Чоу, коавтор на студијата и истражувач на отсекот за медицина на Универзитетот Хонг Конг, за Ројтерс вели дека иако студијата може да укаже на „можна асоцијација на индивидуално ниво, многу повеќе истражувања и поголеми студии треба да се направат за да се потврди тоа“.

Нашето истражување обезбедува веројатна асоцијација, според критериумите на СЗО, но не може да утврди дефинитивна каузална врска меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцините против ковид-19, рекол тој.

Во постот што го рецензираме, исто така, се тврди дека сопругата на Џастин Бибер, Хејли Бибер доживеала мозочен удар веднаш по вакцинацијата.

За ова не постојат никакви докази. Иако поретко, и кај младите се јавуваат мозочни удари.

Некои медиуми пишуваа дека лекарите се сомневале дека причина за малиот мозочен удар кој го имала Хејли, бил ковид-19 (а не вакцината против ковид-19), но и за ова не постојат докази, така што причините за оваа медицинска состојба која сопругата на Џастин, ја надмина и се опорави, не може да се поврзе со вакцината.

Меѓу низата дезинформации на оваа тема во светски рамки е и тоа дека наводно Џастин Бибер „ја обвинил“ вакцината против ковид-19 за синдромот, меѓутоа оваа дезинформација се прошири на интернет благодарение сајт кој објави сатирична објава, а потоа истата беше преземана и пренесувана како да е вистинита. Пејачот досега нема изјавено ништо што на било каков начин ја доведува во корелација неговата здравствена состојба со вакцината против ковид-19.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...