недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Кремљ | 94 резултати

„Гунвор“ се повлекува од понудата да го купи „Лукоил“ по обвинувањата на САД дека е „марионета на Кремљ“

ноември 7, 2025

Овој потег го поништува она што ќе беше најголемото купување на „Гунвор“ и ја истакнува работата на Вашингтон да користи санкции, за да ја изолира Русија и да ги ограничи приходите кои таа ги користи за водење на војната во Украина

Како Кремљ ја извртува вистината: Руската пропаганда и украдените деца од Украина

октомври 27, 2025

Воената инвазија на Русија врз Украина ги создаде тие борбени зони од кои украинските деца требаше да се евакуираат. Проблемот е што евакуациите од конфликтните зони, особено на децата, мора да се во согласност со меѓународното хуманитарно право. Особено, член 78 од Дополнителниот протокол на Женевските конвенции предвидува дека децата не можат да бидат преместени […]

Кремљ вели дека тврдењата на Трамп за војната во Украина се погрешни

септември 24, 2025

Кремљ денес ги отфрли централните аргументи за реторичкиот пресврт на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со војната во Украина, велејќи дека тоа ќе им обезбеди на САД „вистински информации“ за тоа што се случува на бојното поле, пренесува Ројтерс. Во ненадејна реторичка промена во корист на Украина, Трамп изјави дека верува дека Киев може […]

Песков негира вмешаност на Русија во блокирањето на ГПС сигналот во авионот на Фон дер Лајен на летот за Бугарија

септември 1, 2025

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека наводите за руско попречување на ГПС сигналот во авионот со кој патувала претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се точни, пишува Неделник.рс. „Вашите информации не се точни“, изјави Песков, отфрлајќи ги шпекулациите кои се појавија по инцидентот во Бугарија на 31 август. Авионот на Фон […]

Манипулации околу „нелегитимноста“ на Зеленски и предлогот на Макрон за преговори во Швајцарија

август 24, 2025

Проруска објава на Фејсбук го исмева предлогот на Макрон за преговори меѓу Путин и Зеленски во Швајцарија, тврдејќи дека „Зеленски е нелегитимен претседател“, кому „му изминал мандатот“, па Путин не би седнал на преговори со него. Но, според Законот за воена состојба на Украина, мандатот во такви услови се продолжува, па Зеленски е легитимен претседател, а […]

Кремљ ја минимизира можноста за средба меѓу Путин и Зеленски, Трамп инсистира на директни разговори

август 20, 2025

Кремљ ги намали шпекулациите за претстоен самит помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Доналд Трамп повторно повика двајцата лидери да се сретнат и да разговараат за прекинување на војната во Украина, пренесува Би-би-си. Повикот на Трамп доаѓа по неговата средба со Путин во Алјаска минатата недела, како и по понеделничките […]

Кремљ бара имагинарни надворешни непријатели за да го оправда реваншизмот и империјализмот

август 3, 2025

Кремљ и руски медиуми шпекулираат дека ЕУ би можела да ја нападне Русија до 2027 година,  но тоа не е официјална позиција ниту политика на самата ЕУ. Голем дел од подготовките за воена мобилизација и зајакнување на капацитетите до 2030 г. имаат сосема одбранбен карактер – не подразбираат напад, туку се одговор на потенцијалната руска […]

Руска кампања за дезинформации ги злоупотребува украинските протести против корупцијата

јули 31, 2025

Зеленски го потпиша законот кој ја ограничува моќта на двете клучни антикорупциски агенции во земјата. Ова предизвика остри критики од меѓународните партнери, но и масовни протести на улиците во Украина. Ваквата ситуација ги поттикна дезинформациите од Русија која ги искористи протестите против корупцијата за да посее раздор и да го поткопа имиџот на земјата на […]

Украински беспилотни летала го нападнаа Санкт Петербург додека Путин присуствуваше на Денот на руската морнарица

јули 28, 2025

Украински беспилотни летала го нападнаа Санкт Петербург, принудувајќи го аеродромот да се затвори пет часа додека Владимир Путин го одбележуваше Денот на руската морнарица во градот, и покрај претходното откажување на поморската парада поради безбедносни причини, пренесува Ројтерс. Санкт Петербург одржува голема поморска парада на Денот на морнарицата, на која учествуваат флоти од воени бродови […]

Кремљ вели дека Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне целите

јули 20, 2025

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се движи кон мировен договор за Украина, но главната цел на Москва е да ги постигне своите цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс. Песков рече дека светот сега е навикнат на понекогаш „острата“ реторика на американскиот претседател Доналд Трамп, но истакна дека Трамп, исто така, […]

Што се крие зад наративот на Кремљ за елиминирање на „основните причини за конфликтот“?

јуни 1, 2025

Иако Москва со своите наративи за денацификација, за некаков геноцид врз рускиот народ во Украина, па и за елиминирање на некакви основни причини за конфликтот се обидува да ја замaгли вистината, вистинската причина за воената агресија на Путин е неговотo одбивање да го прифати постоењето на Украина и Украинците како суверена нација. За Путин и […]

Додека европските лидери бараат прекин на огнот Путин повикува на „директни преговори“ со Украина

мај 11, 2025

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Украина да учествува во „директни преговори“ на 15 мај, само неколку часа откако европските лидери ја повикаа Москва да се согласи на 30-дневен прекин на огнот, пренесува Би-Би-Си. Во ретко телевизиско обраќање доцна навечер од Кремљ, Путин изјави дека Русија бара „сериозни преговори“ насочени кон „движење кон траен, стабилен […]

Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина

март 1, 2025

Фокусирајќи се на наративот за претпоставената „нелегитимност“ на Зеленски, Кремљ всушност се обидува да ја замагли вистината дека според Уставот на Украина, правно е невозможно да се одржат избори или референдуми во Украина во воени услови. Русија, исто така, заборава дека во Украина е невозоможно да се одржат избори имајќи ја предвид уништената инфраструктура, неможноста да се […]

Русија не е толку конзервативна колку што се претставува – заштитата на „традиционалните вредности“ е само пропаганден трик

септември 30, 2024

Пропагандната интенција на Кремљ да се претставува како некој голем заштитник на традиционалните и семејни вредности, преку социјалните мрежи допира и до македонските граѓани, а дел од нив потезите на Русија во таа насока ги прифаќаат со воодушевување. Некои од нив ја поистоветуваат Русија со „православна ноева арка“, а некои не пропуштаат да ја напаѓаат […]

Демостат: Телеграм е ефективна алатка за ширење дезинформации од Русија

август 17, 2024

Телеграм стана една од главните алатки за ширење про-Кремљ дезинформации и пропаганда на глобално ниво, пишува Демостат. Само во 2024 година, биле идентификувани околу 800 про-Кремљ канали, кои работат на повеќе од 30 јазици, пренесува српската Н1, анализирајќи ја објавата на Демостат. Овие канали станаа замена за официјалните руски медиуми како РТ и Спутник, откако […]

Повторно пропаганда дека Русија се бори против „нацистите во Украина“

јуни 7, 2024

Проруската објава има за цел да ја оправда воената инвазија на Русија врз Украина. Дека Украина е земја на нацисти е невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија која ја почна на 24 февруари 2022 сосема неиспровоцирано. Терминот „специјална воена операција“ е исто така […]

Нема најави дека земји од НАТО се подготвуваат за нуклеарни напади врз Русија

јуни 6, 2024

Во последно време зачестуваат заканите од Москва за употреба на нуклеарно оружје, а дезинформациската машина на Кремљ на социјалните мрежи се обидува да го обвини НАТО дека „се подготвува за нуклеарни напади внатре во Русија“, иако такви најави нема, туку станува збор за закана со цел да се спречи помошта за Украина која пристигнува од […]

Недокажани тврдења за сопругата на атентаторот на Фицо

мај 22, 2024

Се проширија недокажани тврдења дека осомничениот за атентатот врз словачкиот премиер е оженет за Украинка, која наводно влијаела врз сопругот да го изврши делото. Исто така, се тврди и дека  учествувала во Евромајданските протести во Украина во 2014 г., а тие неосновано се опишани како „државен удар“. Некои од тие медиуми додаваат и дека жената […]

Храната како оружје на Кремљ за ширење дезинформации во С. Македонија

април 2, 2024

Патот на пропагандата на Кремљ е отворен и во Македонија. Дезинформации на теми, кои директно ги засегаат граѓаните и главно потекнуваат од пропагандните медиуми во сопственост на Кремљ, се преземаат најчесто од Србија или од проруските медиуми, портали и социјалните мрежи на англиски јазик и се пренесуваат до македонската публика, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме […]

Кремљ за прв пат „специјалната воена операција“ во Украина ја нарече војна

март 22, 2024

Русија сега вели дека е во „војна“ со Украина поради наводно мешање на Западот во она што Москва претходно го нарекуваше „специјална воена операција“. Ваква изјава даде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за медиумот „Аргументи и факти“, кој е во сопственост на општинската влада во Москва, пренесе Радио Слободна Европа. „Ние сме во војна. Навистина, […]

Страна 1 од 5