Фото: Мета.мк

Во последното деноноќие се регистрирани нови 1.511 заразени со SARS-CoV-2 од вкупно 4.445 тестирања, што изнесува речиси 34 отсто. Со тоа официјалната бројка од почетокот на пандемијата пред повеќе од една година до сега се искачи на над 130.000 лица заразени со коронавирусот во земјата.

Како резултат на ковид-19 починале уште 32 лица, од кои наголем дел (13) се од Скопје, соопшти Министерството за здравство. Починатите биле на возраст од 33 до 88 години. Вкупниот официјален број на починати од ковид-19 во земјата изнесува 3.781 лице.

Бројот на активни случаи, пак, изнесува 19.262.

Во последните 24 часа оздравеле 587 пациенти, соопштија од ресорот здравство.

Бројот на нови регистрирани случаи на ковид-19 во последните 24 часа по градови изнесува:

  • Скопје 654
  • Куманово 116
  • Битола 86
  • Велес 68
  • Прилеп 64
  • Тетово 56
  • Гостивар 55
  • Кавадарци, Штип и Охрид по 44
  • Струмица 38
  • Гевгелија 35
  • Кичево 25
  • Неготино 22
  • Кочани и Радовиш по 15
  • Пробиштип 14
  • Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница по 11
  • Валандово 10
  • Крива Паланка и Ресен по 9
  • Богданци 7
  • Македонска Каменица 5
  • Кратово и Македонски Брод по 4
  • Пехчево и Дојран по 3
  • Делчево, Крушево и Демир Капија по 2
  • Демир Хисар 1