Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.724.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.045 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 86 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 48 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 131, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 112 пациенти, во Кочани 38, во Кичево 38, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден  пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 74 оздравени пациенти. Бројот на приеми во изминативе денови во ковид центрите во Скопје е зголемен.