Фото: Викимедија комонс, Од Центарот за образование на Каталонија, Шпанија

Колумната на професорот Најеф Ал-Родан, во врска со вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ објавена во ЕУобсервер ја пренесуваме во целост:

Проф. Најеф Ал-Родан | Фото: Miself, CC BY-SA 4.0, на Викимедија комонс

На почетокот на овој месец, воведувањето на вакцинациите во ЕУ претрпе силен пресврт, кога 13 европски земји накратко го прекинаа користењето на вакцината против ковид-19, „Оксфорд/АстраЗенека“.

Ова се случи откако десетици луѓе по нивната вакцинација претрпеа животно-загрозувачко згрутчување на крвта.

И покрај тоа што нема никакви научни докази што ги поврзуваат тромбовите со вакцинацијата, најголемите европски сили го паузираа процесот во критична точка, за подоцна, кога Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека таква врска не постои, да ја сменат таа одлука.

Критичарите прашуваа зошто ЕУ донесе ваква одлука?

Основата на скептицизмот во врска со безбедноста на вакцинациите лежи во заднината на многу од она што се случи минатата недела.

Ако се погледне во невронауката што стои зад овој скептицизам може да создаде појасна слика за тоа зошто владите треба внимателно да размислат како да реагираат.

За време на суспензијата, ЕМА, Светската здравствена организација (СЗО) и многу водечки светски регулатори на здравствената заштита инсистираа на безбедноста на вакцината АстраЗенека.

И покрај тоа, многу влади избраа да не го почитуваат советот од пошироката научна заедница. Ова не е нешто што не е и претходно видено бидејќи многу од овие влади веќе ја ограничија употребата на оваа вакцина кај младите, и покрај тоа што ЕМА наведе дека е безбедна за сите над 18 години.

Во некои земји, како што се Германија и Данска, беа дадени совети од научни тела за прекинување на вакцинацијата, трескајќи се со крајната одлука на нивните влади.

Во други земји, вклучително и Италија, официјалниот државен регулатор не се согласи со паузата, а агенцијата за лекови експлицитно ја нарече одлуката за политички избор.

Без оглед на тоа дали оваа одлука била политичка или не, јасно е дека владите ширум светот не го темелат само вакцинацијата врз основа на научни докази.

Емотивно наспроти политичко

Од нееднаквоста во пристапот до вакцините, до несогласувањата околу тоа кои вакцини треба да се земат и кои научни совети да се слушаат, одлуките донесени околу нивното воведување беа онолку емотивни и политички, колку што беа рационални и научни.

Еден од аргументите изнесени од европските земји за суспендирање на вакцината АстраЗенека беше дека тие го сторија тоа за да ја зголемат довербата во вакцината на воздржаната јавност со тоа што потврдија дека не постои врска (со згрутчувањето на крвта н.з.).

Ова сугерираше дека владите преземале пресметан ризик, паузирајќи ја вакцината сега за да го зголемат нејзиното користење подоцна.

Пред оваа одлука, скептицизмот на вакцинација не беше клучна карактеристика на пандемијата на коронавирусите.

И покрај тоа што имаше такви кои ги доведуваа во прашање придобивките од посебните владини стратегии за справување со вирусот, навлегувањето на вакцинацијата беше посериозно попречено од снабдувањето отколку од антивакцинациите.

Пред пандемијата, колебливоста кон вакцините беше сериозно прашање низ целиот свет, а СЗО го поврза тоа во 2019 година со 30 отсто пораст на глобалните случаи на мали сипаници.

Неодамнешното истражување во „Лансет“ минатата година исто така ја забележа дека социјалните мрежи беа користени како моќна алатка, ширејќи заговори на милиони луѓе околу вакцинациите.

Невронаучните истражувања покажуваат дека луѓето се емотивни кога станува збор за читање вести и информации; споделуваме и разговараме за тоа што ги активира нашите емоции, и ова им овозможува на таквите информации да се шират како пожар.

Оваа емотивност значи и дека компаниите кои ги водат социјалните мрежи и владите едноставно не можат да се борат против теориите против вакцинацијата со контра аргументи и докази, бидејќи овие теории не се споделуваат врз основа на докази.

Ако инсистирањето на ЕМА за безбедноста на АтраЗенека не убеди некого, не е јасно зошто тоа би се случило преку нејзиниот нов извештај.

Исто како и во економијата, важно е владите да запомнат дека граѓаните не се чисто рационални.

Во невро-филозофска смисла, ние наместо тоа би можеле да сметаме дека луѓето се емотивни аморални егоисти, кои дејствуваат според нивниот „перципиран емоционален личен интерес“, но, на долг рок, не значи дека го прават најдоброто за себе.

Владите треба сериозно да ја сфатат човечката емоционалност и перцепција и внимателно да размислат што се случува кога одлуките околу вакцинациите се разликуваат од советите дадени од пошироката научна заедница.

Одлуката да се прекине вакцинацијата или да се критикуваат напорите за вакцинација на друга земја, може да има несакани бранувачки ефекти што ги надминуваат нивните граници.

Ова е страшно и стресно време за светот, а студиите покажаа дека во поединечни случаи стресот влијае на способноста на луѓето да размислуваат за големата слика, што ги наведува да дејствуваат само овде и сега.

Владите треба да запомнат дека потешкотии да ја видат големата слика немаат само нивните граѓани, туку и тие самите.

Само времето ќе покаже дали одлуката на овие европски земји беше вистинска, но паниката и несогласувањето што го донесе оваа одлука треба да му покаже на светот колку е деликатна глобалната ситуација со вакцинацијата во моментов.

Одлуките околу АстраЗенека донесени во Европа ќе имаат влијание врз секоја земја што ја набавува таа вакцина, затоа е апсолутно важно владите да ги препознаат далекусежните ефекти на нивните одлуки во оваа арена и да дејствуваат внимателно.

Коронавирусот покажа дека сите држави се поврзани, не можеме да се вратиме кон преправањето дека е поинаку.

Професор Најеф Ал-Родан е научник, филозоф и гео-стратег. Тој е почесен соработник на колеџот Св Антониј на Универзитетот во Оксфорд, виш соработник и раководител на програмата за геополитика и глобална иднина во Центарот за безбедносна политика во Женева, Швајцарија и виш научен соработник на Институтот за филозофија во Лондон.