Фото: Викимедија комонс, Од Центарот за образование на Каталонија, Шпанија

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва преку официјалните профили на социјалните мрежи најави дека во земјава преку Ковакс системот ќе пристигнат првите 24.000 дози на вакцини против ковид-19.

Како што посочи Филипче, станува збор за вакцина на производителот Оксфорд/АстраЗенека. Тој очекува вакцините во Скопје да пристигнат во недела на 28 март во 7:55 часот наутро.