Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Во периодот од 12 до 18 април 2021 тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите за присуство на SARS-CoV-2, што е намалување од 20,4 отсто во однос на една недела претходно, соопшти Министерството за здравство. При тоа се регистрирани 5.199 нови позитивни случаи на ковид-19 од 35 градови во државата, што е помалку за 24,3 отсто во споредба со претходната недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1 отсто), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола. Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9 отсто, просечно 22,6 отсто.

Евидентирани се заболени од сите возрасни групи, а најзастапени биле лицата на возраст над 60 години (n=1.722, 33,1 отсто). Голем број на заболени имало и кај лицата на возраст од 50 до 59 (n=919; 17,7 отсто), 40 до 49 (n=882; 17,0 отсто), потоа 30 до 39 (n=835; 16,1 отсто) и 20 до 29 (n=506; 9,7 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8 отсто) и 10-19 години (n=240; 4,6 отсто). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела“, информираат од ова министерство.

По два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е  намалување за 3,1 отсто во споредба со една недела претходно.

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, за 25,4 отсто помалку, а во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и по еден од 20-29 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци во периодот од 1 март до 31 март 2021. Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот „UK variant“ (британскиот сој на ковид-19) кај 98 отсто од тестираните пациенти. Направено е и скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти, што детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100 отсто меѓу тестираните примероци е т.н британска варијанта.

Заклучно со 18 април вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.895- Sputnik V ) со втора доза. Од 31 март започна вакцинација на населението над 73 години и заклучно со 18 април вакцинирани се 13.575 лица. Од 5 април започна масовна вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.