Фото: Мета.мк

Во последното деноноќие се регистрирани нови 1.320 позитивни на SARS-CoV-2 од направени 4.738 тестови што изнесува нешто помалку од 28 отсто. Како што соопшти Министерството за здравство, како резултат на болеста ковид-19 починале 35 лица, од кои сите во болнички услови.

Најголем дел од регистрираните случаи се  во Скопје (604), Куманово (80), Битола (72), Велес (62), Охрид (60), Кавадарци и Штип (44), Прилеп (43), Гостивар (40). Во останатите градови се регистрирани понизок број на случаи.

Починатите, според информациите од Министерството за здравство биле на возраст од 53 до 89 години, а најголем дел (16) биле од Скопје.

Вкупната бројка на регистрирани случаи на ковид-19 до сега изнесува 126.230, од кои оздравеа 104.345, а починаа 3.642. Бројот на активни случаи изнесува 18.243.