Фото: Martin Sanchez на Unsplash

Во последното деноноќие Министерството за здравство регистрирало 1.264 нови заразени со ковид-19 од 3.897 тестирања што е над 32 отсто од направените тестови. Во исто време, како последица на ковид-19 починале 29 лица на возраст од 38 до 86 години, информираат од ресорот здравство. Само еден од починатите ја загубил битката со болеста во домашни услови, а останатите 28 починале во болница.

Речиси половина од регистрираните новозаболени се од Скопје – 585, а скоро десет пати помалку има регистрирано во Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58 и Велес и Куманово по 56. Во останатите градови е регистриран помал број на новозаразени од вирусот.

Бројката на вкупно дијагностицираните позитивни на ковид-19 од почетокот на пандемијата пред повеќе од една година изнесува 123.491, а бројот на активни случаи се искачи на 16.543. Како резултат на ковид-19 официјално се водат како починати 3.574 наши сограѓани.