Извор на фотографија: Влада на РСМ

Од 3.927 тестирања направени во последните 24 часа, регистрирани се 1.163 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 473 новозаболени, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по – 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш – по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница – 10, Крива Паланка и Берово – по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод по еден заболен.

Оздравени се 854 пациенти од: Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по еден.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39 , 63 , 65 , 75 , 76 ,77, 79), по 4 починати лица од: Кавадарци (56, 68, 73, 77) и Штип (47, 69, 70, 78), 3 лица од Струмица (71 и 2 лица по 81 година), по двајца починати од Прилеп (76 и 82), Велес (72, 85), Крива Паланка (60 и 72) и Битола (63 и 69) и по еден починат пациент од Куманово (66), Гостивар (78), Неготино (82), Гевгелија (62), Свети Николе (64), Радовиш (68), Охрид (64), Кичево (69) и Ресен (71). Педесет од нив се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.