fbpx

„О2 Иницијатива“: Чадот во Скопје не е само сахарска прашина, има и локални загадувачи

Граѓаните на Скопје и еколошките организации бараат објаснување за загадениот воздух во Скопје, кој сметаат дека не само последица на песочниот ветер што донесе прашина од Сахара во целиот регион, туку дека е предизвикан и од секојдневното палење отпад и пластика во Вардариште. Екологистите од...

МЗ: Вчера се аплицирани 6.478 вакцини, прва доза примиле 3.712 граѓани

Вчера прва доза вакцина примиле 3.712 граѓани, а вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани. До сега, на вакциналните пунктови во државата се вакцинирани вкупно 285.957 граѓани, јави министерството за здравство. Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 лица. Со последните бројки, барем една доза...

Активистите бараат добро да се промисли проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир

Новите коловозни ленти за автомобилите и за идниот БРТ во Скопје кои ги предвидуваат градските власти би можело да претставуваат „вистински пекол“ за пешаците и велосипедистите, предупредуваат граѓанските активисти. Од граѓанската иницијатива „На точак“ велат дека токму тоа би можело да се случи доколку...

Утре ќе пристигнат 100.000 вакцини „Фајзер“, а во недела 500.000 „Синовак“, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека 500.000 вакцини на „Синовак“ ќе пристигнат во недела, со по 250.000 дози во два авиони. Утре пак, се очекуваат 100.000 дози од „Фајзер“, преку Ковакс-механизмот. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска...

Ангеловска-Бежоска: Видливи се ефектите за економијата од стимулативната монетарна политика преку кредити

Минатата година и во првите месеци од оваа година кредитите растат со стапка од околу 6 отсто. Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, лани и годинава немаше запирање на кредитните текови, а активноста расте со темпо, слично на преткризното. Лани...

Грчки поп изведен на црковен суд, им фрли киселина в лице на седум владици што го судеа

Поп, односно свештеник на Грчката православна црква, е уапсен по крајно брутален напад на седуммина владици што го разгледуваа неговиот случај во рамките на Црковниот суд во Атина, главниот град на Грција. Како што известија медиумите, 36-годишниот поп фрлил киселина в лице на седуммина владици...

Вистиномер: ПЦР тестот не е исфрлен од употреба

„Вистиномер“ анализираше тврдење изнесено во пост на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, и утврди дека е невистинито. Анализата ја пренесуваме во целост подолу Во постот што го рецензира Вистиномер се тврди дека ПЦР тестовите не можат да се користат,...

Женскиот младински хор при МКЦ во сабота ќе одржи концерт во Прилеп

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во сабота (26 јуни), со почеток од 20 часот, Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар (МКЦ) - Скопје ќе одржи концерт, под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Пијано придружба на хорот ќе биде...

Со „Свири крај“ перформанс на РАИ против корупцијата, граѓаните симболично заштедеа 111 милиони денари

Кога сте добро организирани, 24 часа е доволно време да патувате на другата страна на планетата, да прочитате книга или да научите нова вештина. Сепак, дали знаете што друго може да се направи за 24 часа? Тоа е доволно време да се „спасат“ од...

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември оваа година сите медицински сестри и техничари кои што завршиле високо медицинско школо или специјализација со добиени 180 односно 240 кредитни поени, ќе добијат соодветен надоместок за своето образование. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче по денешниот работен состанок со директорите...

Средношколци од Велес со нивната бизнис идеја за филтер за прочистување природна вода се победници на Кампот за иновации

Tимот Вин од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес, победи на Кампот за иновации, натпревар на средношколци во претприемнички вештини. Победничкиот проект е филтер за прочистување природна вода, наменет при рекреација во природа во ситуација каде нема пристап до вода за пиење. „Up-grade“ филтерот...

Порталб: Ветувања и изјави за патот Тетово – Призрен, а не се знае колку ќе чини ниту кога ќе започнат работите

„Една поговорка вели, Призрен и Тетово биле еден град горе на небото, но кога паднале на земја, Шар планина ги разделила на два дела и сега ние треба да ги поврземе“ изјавил сега веќе премиерот на Косово, Албин Курти за време на изборната кампања...

Владата ја дефинираше еколошката такса, останува Собранието да ја изгласа

На синоќешната седница Владата ги усвои измените на Законот за животна средина со кои се предвидува повисока еколошка такса за нафтените деривати, откако ќе бидат усвоени во Собранието. Според првичните пресметки, од оваа давачка ќе се приберат во буџетот 1,685 милијарди денари (27,3 милиони евра)...

Традиционална модна ревија на ТМФ – „Иднината е одржлива“, порачаа студентите (ГАЛЕРИЈА)

Модна ревија ТМФ
Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ ја одржа традиционалната, дваесет и прва по ред, модна ревија на студентите на студиската програма дизајн и инженеринг на облека. Годинава, поради ситуацијата со пандемијата, ревијата се одржа во видео-форма под мотото „Иднината е одржлива“. Студентите под раководство на професорката и...

Студенти по архитектура ќе го дизајнираат идниот Студентски културен центар во Скопје

Студентите на Архитектонскиот факултет се поканети на учество на Конкурсот за изработка на идејно архитектонско решение и ентериерно уредување на идниот Студентски културен центар за студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Локацијата на центарот е замислено да биде во Палатата Кузман...

По вчерашното бугарско вето, Заев и Рама на средба во Скопје: ЕУ потфрли да донесе вистинска одлука

Премиерот Зоран Заев и неговиот албански колега Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија...

За успехот на атлетичарката Дрита Исљами, Градот Скопје ќе ѝ додели 100.000 денари награда

За постигнатиот успех на македонската атлетичарка Дрита Исљами на Европското екипно првенство во Лимасол (Кипар), Градот Скопје ќе ѝ додели на успешната спортистка награда од висина од 100.000 денари. Градоначалникот Петре Шилегов денеска оствари средба со македонската атлетичарка Дрита Исљами, која по втор пат во...

Филипче: Во септември учениците може да се вратат во клупите, при крај се протоколите за работа на училиштата

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се речиси готови протоколите за враќање на сите ученици во училиштата во новата учебна година што започнува во септември. Тој денеска оцени дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат...

Регистрирани пет нови случаи на ковид-19, оздравеа осум пациенти, почина едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а се регистрирани пет нови случаи на ковид-19. Три од Скопје и по еден од Куманово и Тетово. Регистрирани се осум оздравени пациенти, од Скопје...

Министерството за животна средина набавува мониторинг станици за следење на квалитетот на воздухот во Прилеп и Берово

Две нови мониторинг станици за следење на квалитетот на воздухот ќе се постават во Прилеп и Берово. Министерството за животна средина распиша јавна набавка со која бара да купи автоматска станица со вклучена обука со која ќе го надогради Државниот мониторинг систем за следење...

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...