Грчки поп изведен на црковен суд, им фрли киселина в лице на седум владици што го судеа

Атина. Photo by Cristian Bagnarello from Pexels

Поп, односно свештеник на Грчката православна црква, е уапсен по крајно брутален напад на седуммина владици што го разгледуваа неговиот случај во рамките на Црковниот суд во Атина, главниот град на Грција.

Како што известија медиумите, 36-годишниот поп фрлил киселина в лице на седуммина владици во текот на дисцииплинската постапка против него, а настрадал и еден припадник на обезбебедувањето.

Попот бил обвинет за трговија со дрога и требало да се одлучи дали тој треба да биде исфрлен од црквата. Според обвинението, попот бил фатен со 1,8 грама кокаин во јуни 2018 година, односно пред три години.

Според грчкиот весник „Та Неа“ свештеникот носел „големо шише корозивна течност“ на црковниот судски процес во манастирот Петраки во центарот на Атина.

Повредените владици во болница беа посетени од министерот за здравство на Грција Василис Кикилиас, а претседателката на Грција, Катерина Сакеларапулу го осуди нападот. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по нападот изразил жалење за нападот и посакал брзо закрепнување на жртвите.