fbpx

Владимир Кара-Мурза добитник на Пулицерова награда за колумни што ги пишувал во затворска ќелија

Прифаќајќи ја наградата во негово име, неговата сопруга Евгенија Кара-Мурза, се заблагодари што се слушнал гласот на нејзиниот сопруг, кој е затворен во затвор во Сибир

-

Затворениот руски дисидент Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни напишани за „Вашингтон пост“ во кои се критикува војната во Украина и задушувањето на демократијата и слободата на говорот.

Четириесет и две годишниот политичар, автор и историчар доби награда од 15.000 долари, за, како што се наведува во соопштението на одборот на Пулицер, колумните пишувани под голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија и инсистирањето на демократска иднина за неговата земја.

Станува збор за седум колумни објавени во периодот меѓу јануари и јуни 2023 година, напишани од неговата затворска ќелија откако беше затворен претходната година под обвинение за предавство и ширење лажни вести за војната за кои беше осуден на 25 години затвор.

Прифаќајќи ја наградата во негово име, неговата сопруга Евгенија Кара-Мурза, му се заблагодари на „Вашингтон пост“ што се погрижи да се слушне гласот на нејзиниот сопруг, кој е затворен во затвор во Сибир и со никого нема комуникација.

ИзворUPI.com

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...